- Владата на Република Македонија преку министерството за локална самоуправа одобрила префрлање на средства во висина од 1,5 милиони евра по огласот за помош на општините за реализација на инфраструктурни проекти.
- „Општина Центар доби 90 милиони денари за реконструцкија на спортската сала на КК Работнички“, изјавил министерот за локална самоуправа Златко Перински.
- Ова е втора сериозна финансиска инјекција која што КК Работнички ја добива за обнова на „Градски Парк“, сала која што е изградена во 1970-та година и тоа како привремен монтажен објект за потребите на Светското првенство во кошарка кое се играше во Љубљана. Оваа сала е стара 55 години, има ужасни услови, без соодветни хигиенски услови а кровот прокиснува и при најмал дожд.
- Освен празни ветувања досега ниту еден градоначалник на Општина Центар досега не направи ништо за модернизирање на салата или изградба на нов модерен објект.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.