Фото: EpaImages
- Седумдесет годишниот португалски тренер Хорхе Жезус е еден од најтрофејните тренери во латино-говорното подрачје од светот. По успесите со Брага, Бенфика, Спортинг и Фенербахче, тој беше тренер во бразилски Фламенго каде освои Копа Либертадорес и шампионска титула во 2019-та. Бразилците добро го запамтија, го засакаа и сега го бараат да стане селектор.
- Бразил е без селектор откако Доривал Жуниор доби моментален отказ по дебаклот 4-1 од Суперкласикот со Аргентина во Буенос Аирес. Бразилците едвај некако држат чекор на местата кои водат на Светско првенство 2026 но игрите и резултатите се далеку под нивото за некогашната фудбалска велесила.
- Хорхе Жесус во моментов е тренер на саудијски Ал Хилал каде еднаш беше тренер во 2018-2019, па го започна вториот мандат во јули 2023-та.
- Сега Фудбалската федерација на Бразил го сака по секоја цена за селектор, а спремна е и да плати колку треба за Саудијците да му дадат дозвола и раскин на договорот со цел да ја поведе „Селесао“ на Мундијалот 2026 во САД, Мексико и Канада.
- ФК Вардар денеска ја плати казната кон УЕФА во вредност од 250.000 евра.
- „Казната се однесува на неправилности, манипулации, фалсификати и незаконити дејствија направени од предходните сопственици, акционери и одбор на директори. Период пред летото 2024-та.
- Во сезоните 2021/22, 2022/23 и 2023/24 склучувани се незаконски двојни договори (пример: договорите со Блажевски и Глишиќ), исплаќани се пари од други сметки, недостасува сметководствена документација и дузина други неправилности наведени во образложението на казната од УЕФА“, стои во соопштението на клубот.
- Ракометарите на Вардар 1961 по четири години се враќаат во Лигата на шампионите на ЕХФ, а првиот натпревар во новата сезона ќе биде особено интересен. „Црвено-црните“ гостуваат кај Мелсунген во Касел, во натпреварот кој ќе се одигра во четврток од 20:45 часот (пренос Арена Спорт ТВ).
- Мелсунген, пак, за првпат во историјата ќе игра во елитното европско натпреварување, откако минатата сезона ја освои Европската лига и со тоа обезбеди место меѓу најдобрите.
- Интересно црвено-црните минатата сезона на два пати убедливо го совладаа Мелсунген кој подоцна го крена трофејот во Европската лига. Тогаш, според зборовите на тренерот Чупиќ Мелсунген имал неколку повредени ракометари и играл ослабнат а сега е голем фаворит како сила од Бундеслигата.