- Светската фудбалска федерација (ФИФА) денес објави најнова ранг листа според која репрезентацијата на Македонија бележи голем скок од 6 места и од 68-мо се искачи на 62-ро место.
- Прво место на ФИФА ранг листата и припаѓа на Аргентина која има 1.885,36 поени. Втора е Шпанија со 1.867,09 бода а трета е Франција. Меѓу првите 10 селекции се Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија и Хрватска.
- Овој скок доаѓа благодарение на одличните резултати на Македонија во изминатиот период односно ремијата против големите фаворити Велс и Белгија, и важните победи против Лихтенштајн и Казахстан во квалификациите за Светско првенство 2026.
- Македонија е во супер позиција пред продолжение на квалификациите, односно е прва со 8 бода од 4 меча, пред Велс кој има 7 бода од исто толку натпревари и Белгија која има два меча помалку и 4 освоени бода.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.