- Еурофарм Пелистер го освои петтото издание на Супер Купот на Македонија, а во финале падна Вардар со 23:22.
- Натпреварот се одигра во салата „Билјанини Извори“, а додека ракометарите се бореа за трофејот, големото ривалство можеше одлично да се почувствува и на трибини.
- Тренерот на Челси Лиам Розениор одлчил да го отстрани капитенот и 120 милиони евра платениот Аргентинец Енцо Фернандез за следните два натпревари поради коментарите кои овој ги даде а во врска со желбата да се пресели на лето во Реал Мадрид.
- Навивачите на Челси оправдано биле бесни по ваквата изјава на капитенот на екипата кој среде сезона ги критикувал своите соиграчи и јавно отворено рекол дека сака да оди во Реал Мадрид.
- „Останаа уште осум натпревари и ФА Купот. После е Светското па ќе видиме понатаму“, рекол Фернандез и на прашање каде би сакал да игра, рекол дека би сакал да живее во Шпанија. „Ми се допаѓа Мадрид. Сличен е на Буенос Аирес“.
- Веќе неколку недели се шпекулираше дека Фернандез му се нуди на Реал.
- „Зборував со Енцо пред еден час. Како фудбалски клуб и мене како дел од одлуката, тој нема да биде со нас за утрешниот дуел и за мечот со Манчестер Сити следната недела. Разочаран сум што Енцо зборувал на тој начин. Немам ништо лошо да кажам за него но ја премина линијата во смисла на нашата култура и што сакаме да изградиме. Енцо има голем респект како играч и како личност за тоа што го постигна како фудбалер. Тој е фрустриран зошто сака ние да бидеме успешни. Вратата не му е затворена. Ова е санкција. Мора да заштити културата кога линијата за време на репрезентативна пауза беше премината“, рекол тренерот Росениор.
- Некогашниот фудбалер на Милан кој освои Лига на шампиони со росонерите и стана Светски шампион со Италија 2006, Џенаро Гатузо очекувано замина од селекторското столче на аѕурите.
- По срамниот дебакл и испаѓање од Босна и Херцеговина на пенали во баражот после што ќе пропуштат трето Светско првенство во низа, Гатузо заминува од клупата.
- „Со болка во срцето го завршувам моето искуство на клупата на репрезентацијата. Беше голема чест да се води репрезентацијата и го правев тоа со една групма момци која покажа одговорност кон дресот. Но најголема благодарност изразувам до навивачите, до сите Италијанци од кои овие месеци не изостана љубовта и поддршката за репрезентациајта“, рекол Гатузо.
- Оставката на Гатузо доаѓа по повлекувањето на првиот човек на фудбалскиот сојуз на Италија Гравина и директорот на репрезентацијата Џанлуиџи Буфон.