- Актуелниот светски шампион по сè изгледа ќе ја брани титулата без најдобриот фудбалер на светот за минатата сезона, Карим Бензема.
- Расниот стрелец е повреден, се обидел да тренира со групата заедно со ровитиот Рафаел Варан, но брзо го напуштил тренингот.
- Карим наводно имал повреди на тетивата и на коленото поради што сезонава веќе пропушти 11 натпревари. Извештаите велат дека ја пропушта Австралија во вторник а можно е и цело Светско. Дешам од напаѓачите има огромен избор: Жиру, Гризман, Мбапе, Коман, Коло Муани, Маркус Турам, Усман Дембеле.
- Претседателката на Мексико Клаудија Шејнбаум пред неколку дена изјави дека Мексико е спремен да го одржи Светското првенство и дека не постои никаков ризик од одложување и преместување натпревари поради честите криминални пресметки меѓу бандите и полицијата.
- Но Светскиот Куп за скокови во вода закажан за следната недела во Мексико е откажан од безбедносни причини. Натпреварувањето требаше да се одржи од 5-ти до 8-ми март во градот Сапопан во близина на Гвадалахара во државата Хелиско. Но токму во оваа држава од минатата недела изби масивно насилство на бандите по убиството при обид за апсење на Намесио Осерега Сервантес познат како „Ел Менчо“, најпознатиот водач на озлогласениот нарко-картел „Халиско Нова генерација“ (CJNG).
- Бандитите веќе неколку дена палеле автомобили и блокирале улици со запалени автобуси во речиси 12 мексикански држави а властите тврдат дека најмалку 70 лица загинале во престрелките со полицијата.
- Најдобриот стрелец во историјата на Реал Мадрид и во историјата на репрезентативниот фудбал, Кристијано Роналдо купил 25% од акциите на шпанскиот второлигаш Алмерија.
- Португалецот кој игра за Ал Наср купил пакет акции преку неговата фирма CR7 Sports Investments. Роналдо на крајот од 2025-та стана првиот фудбалер-милијардер. Неговото богатство се проценува на 1,4 милијарда долари.
- Шпанскиот клуб АЛмерија е на трето место во втората лига Сегунда дивизион со одлични шанси до крајот на сезоната да обезебди пласман во елитната Ла Лига.
- Огромно задоволство од влегувањето на Роналдо во Алмерија изразил и првиот човек на клубот, Мохамед Ал Кереиџи, сопственик на садуиската СМЦ Група.