- Финишот на преодниот рок во најсилните европски лиги донесе бура од трансфери па не се знаеше од каде летаат вести за нови трансфери.
- Еден од позвучните трансфери е Габриел Жезус во Барселона. Бразилецот кој играше за Арсенал и Манчестер Сити доаѓа на „Камп Ноу“ во трансфер вреден од 8,6 милиони евра до 10 милиони евра во зависност од идните настапи.
- Барса цело лето трагаше по нов шпиц како замена за Роберт Левандовски кој замина во МЛС лигата во САД и на крај после цела сага со Хулиан Алварез, се помири со трансфер на 29-годишниот Габриел Габи Жезус од Арсенал.
- „Сè се случи некако многу брзо. Секако сите веќе ме познаваат. Имав малку потежок период во последните две години но освен тоа сите ги знаат моите квалитети и колку можам да придонесам за екипата. Порадо тоа се беше многу полесно. Навистина се радувам што сум овде. Пресреќен сум што стигнав во вака голем клуб како Барселона. Сакам да им заблагодарам на Деко, на тренерот и на претседателот на укажаната доверба“, рекол Габи Жезус на претставувањето.
- Барселона летово ги доведе засилувањата: Антони Гордон, Карим Адејеми, Родри, Жоао Кансело и голманот Доминик Ливаковиќ.
- 33-годишниот Златко Трипиќ кој е роден во Ријека но од '90-те години со неговите се преселил во Норвешка, целата своја кариера ја поминува во Скандинавија, со мали излети во Гројтер Фурт во Германија и Ѓезтепе во Турција.
- Тој е најзаслужен што Викинг влезе во Лига на шампиони затоа што даде гол против Динамо Загреб во плејофот за пласман во елитното друштво и ги исфрли „модрите“ со неколку асистенции во двата натпревари.
- Против Баерн Минхен синоќа намести два гола и го „намести“ Мајкл Олисе да добие црвен картон зошто Французинот испровоциран го удри со топка во лице откако веќе секунда претходно доби прв жолт картон.
- „Трипиќ играше како расипник! Сакаше да победи по секоја цена, наседнавме на неговите провокации и за жал го доби тоа што го сакаше. Дали клубот ќе го казни Олисе? Ќе видиме, ќе разговараме кога ќе се оладат главите“, вели Макс Еберл спортскиот директор на Баерн Минхен.
- А Хари Кејн за Трипиќ рекол „дека е лукав играч кој сака да се влечка по теренот и да троши време“.
- „Така кажал? Супер! И тој е неверојатен во сето тоа и знае колку лукавство е потребно. Успеавме да му влеземе под кожа на Олисе. Кога го исклучија повеќето играчи на Баерн почнаа да ми викаат и да ми пцујат се по список. После сè што се случи не се усудив да влезам во нивната соблекувална да побарам дрес. Сјајно е што таков играч кој еден ден сигурно ќе ја освои Златната топка, се нервира поради дечко од Офтебро и Лингдал“, вели Златко Трипиќ кој се гордее како ги навлекол и провоцирал Баварците.
- Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години, го совлада Косово на гости со 3:1 на контролен натпревар.
- Избраничките на селекторот Кирил Изов поведоа со голот на Меланија Грозданова во 5 минута, а на 3 минути пред крајот на првиот дел Олса Мачастена израмни на 1:1.
- На стартот од вториот дел Теона Галабовска и донесе предност на Македонија од 2:1, а конечните 3:1 ги постави Грозданова со погодокот во 89. минута од натпреварот.