- Светскиот гигант Баерн Минхен на својот сајт официјално соопшти дека нивниот универзалец Алфонсо Дејвис кој доживеал повреда со скинати лигаменти на мечот за Канада против САД, прилично неважен натпревар за трето место на КОНКАКАФ Лига Нации кој ретко кој го гледал, ќе го пропушти сигурно остатокот од сезоната.
- Дејвис има скинати лигаменти на десното колено и 24-годишниот лев офанзивен бек ќе паузира неколку месеци.
- На стандардниот стопер Дајо Упамекано му било исто дијагностицирана тешка повреда во левото колено и тој ќе паузира неколку недели а можеби и месеци. „За жал секогаш има ризик играч да се врати повреден од репрезентативниот период - овојпат ние сме погодени посебно силно. Отсуството на Алфонсо Дејвис и Дајо Упамекано е многу тежок удар за Баерн. Ќе мора да се држиме уште поблизу заедно. Фонзи (Алфонсо) ќе ја добие поддршката што му треба на патот до опоравокот“, рекол спортскиот директор на Баерн Макс Ебрл.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.