- Австралија им додели азил на пет члена на иранската женска фудбалска репрезентација кои учествуваа на турнир во нивната земја кога започна војната во Иран.
- Одлуката падна после неколкудневните барања од иранските групи во Австралија и од американскиот претседател Доналд Трамп до австралиската влада да им помогне на жените, кои не зборуваа јавно за желбата да побараат азил.
- Иранската репрезентација пристигна во Австралија за Азискиот Куп пред стартот на војната и се соочи со опасност да се врати дома за време на бомбардирањето.
- Министерот за внатрешни работи на Австралија, Тони Бурк изјави дека азил им понудил на сите репрезентативки.
- Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас речиси сигурно ќе го напушти Лајпциг до крајот на летниот преоден рок, откако германскиот клуб јасно стави до знаење дека не смета на неговите услуги.
- Според најновите информации од Италија, сериозен интерес за негов ангажман покажуваат Астон Вила, Јувентус и Наполи, при што сите три клуба ја разгледуваат можноста да го доведат на едногодишна позајмица.
- Наполи, каде Елмас ги помина најуспешните години од кариерата и ја освои титулата во Серија А, сака повторно да го врати во своите редови. Сепак, италијанскиот клуб во моментов не е подготвен да ја плати откупната клаузула од 17 милиони евра за траен трансфер и преферира нова позајмица.
- Долгогодишниот хрватски селектор Златко Далиќ е нов предводник на селекцијата на Обединети Арапски Емирати. 59-годишниот стратег летово после Светското првенство решил да земе одмор па по договор со семејството најави дека заминува од селекторското столче на Хрватска после 9 години.
- Далиќ со себе во ОАЕ ќе ги понесе и досегашните соработници од стручниот штаб: Ведран Чорлука, Дражен Ладиќ, Марјан Мрмиќ (тренер на голмани), Лука Милановиќ (кондициски тренер), Марк Рошон (аналитичар) и веројатно Даниел Субашиќ.
- Во меѓувреме старо-нов селектор на Хрватска стана Славен Билиќ.