- Легендарниот македонски кошаркар Перо Антиќ се враќа во светот на кошарката, овој пат во улога на амбасадор на клубот Игокеа.
- Назначувањето го потврди генералниот менаџер на клубот, Игор Додик.
- „Неговата харизма, професионализам и спортски дух ќе бидат силна инспирација за секој што е дел од нашата заедница“, напиша Додик.
- Ракометарите на ГРК Охрид ќе бркаат негатива од -1 гол против Целје Пивоварна Лашко откако на првиот меч изгубија 27-26 во полуфиналето на ЕХФ Купот.
- Сега од охридскиот суперлигаш кој игра сјајна сезона, соопштија дека цели 5 дена пред реваншот со РК Целје Пивоварна Лашко целата сала „Билјанини извори“ е распродадена и дека веќе нема влезници.
- Реваншот во градот крај Охридското езеро се игра на 2-ри мај кога пред преполна сала Охриѓани ќе се обидат да остварат историски пласман во финале на ЕХФ Куп.
- Ракометниот клуб Вардар го договори ангажманот на францускиот среден бек Матео Фадуил, кој од следната сезона ќе го носи дресот на „црвено-црните“.
- Французинот кој има 23 години настапува на позицијата следен бек, а во Вардар доаѓа од Трембле во родната земја чиј член е од 2022 година. Досега во кариерата Фадуил настапувал само во домашни клубови, бидејќи пред Трембле беше дел од Кретеј и Саран.
- Оваа сезона Фадуил е еден од најдобрите играчи во лигата во Франција. Досега постигна 160 погодоци и се наоѓа на четвртото место на листата на стерелци во темошниот шампионат.