- Англиската Премиер лига конечно ја оствари желбата да има пет претставници во Лига на шампиони од следната сезона откако обезбеди уште едно дополнително место благодарние на одличните настапи на англиските клубови ширум Европа сезонава.
- Англија е на прво место на табелата на која се гледаат бодовите освоени по добрите настапи и резултати во трите најпознати еврокупови: ЛШ, ЛЕ и ЛК.
- Во прилог на Англичаните им одеше и тоа што италијанските клубови имаа мизерни резултати (со исклучок на сјајниот Интер) и испаѓаа уште во осминафинале од сите три купови. Англија ќе има 5 место во Лига на шампиони а за позиција која води во ЛШ конкурираат Челси кој е четврти со (53 бода), Њукасл Јунајтед (петти, 53 бода и меч помалку против Кристал Палас), Манчестер Сити (52), Астон Вила (51), Фулам (48) и Брајтон (47 бода).
- ФК Вардар денеска ја плати казната кон УЕФА во вредност од 250.000 евра.
- „Казната се однесува на неправилности, манипулации, фалсификати и незаконити дејствија направени од предходните сопственици, акционери и одбор на директори. Период пред летото 2024-та.
- Во сезоните 2021/22, 2022/23 и 2023/24 склучувани се незаконски двојни договори (пример: договорите со Блажевски и Глишиќ), исплаќани се пари од други сметки, недостасува сметководствена документација и дузина други неправилности наведени во образложението на казната од УЕФА“, стои во соопштението на клубот.
- Ракометарите на Вардар 1961 по четири години се враќаат во Лигата на шампионите на ЕХФ, а првиот натпревар во новата сезона ќе биде особено интересен. „Црвено-црните“ гостуваат кај Мелсунген во Касел, во натпреварот кој ќе се одигра во четврток од 20:45 часот (пренос Арена Спорт ТВ).
- Мелсунген, пак, за првпат во историјата ќе игра во елитното европско натпреварување, откако минатата сезона ја освои Европската лига и со тоа обезбеди место меѓу најдобрите.
- Интересно црвено-црните минатата сезона на два пати убедливо го совладаа Мелсунген кој подоцна го крена трофејот во Европската лига. Тогаш, според зборовите на тренерот Чупиќ Мелсунген имал неколку повредени ракометари и играл ослабнат а сега е голем фаворит како сила од Бундеслигата.