- Јаник Синер е отсутен во тенисот поради суспензија за допинг, но и покрај тоа, никој не успеа да му ја загрози првата позиција на АТП.
- Од пет турнири на кои учествуваше годинава, Карлос Алкараз успеа да го освои само оној во Ротердам во серијата 500. Проблемот е што чувствува протисок кој се вика Синер.
- „Многу луѓе ме прашуваат или ми велат дека имам шанса да станам број 1 доколку Јаник не игра. Можеби тој притисок на некој начин ме уби. Мислам дека не можам да станам број 1 сезонава, дури и да не игра Јаник, немам шанса да го направам тоа. Мислам дека сум премногу далеку од него“, вели искрено Шпанецот, кој од ноември минатата година е трет на АТП.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.