- Ракометниот клуб Алкалоид минатата недела направи сензација откако среде Атина го совлада грчки АЕК со дури 4 гола разлика во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ.
- Сега ќе има реванш, во недела вечер од 20:30 во Скопје. Алкалоид ќе има фантастична прилика да потврди дека е најдобра екипа во Европскиот Куп сезонава и да влезе во историјата како трет македонски колектив после Кометал Ѓорче Петров и РК Вардар кој освојувал евро пехар.
- „Сакам да се заблагодарам за поддршката во текот на целата година, посебно на европскиот пат. Успеавме да стигнеме до финален меч важен за клубот но и за македонскиот ракомет воопшто. Одигравме одличен меч во Атина, резултатски неочекувани имаме одличен резултат со плус од четири гола. Секогаш сум претпазлив од она што не очекува знаејќи го нашиот менталитет, бидејки во моменталниот состав на клубот, 19 играчи се Македонци, тоа секогаш ќе го споменувам зошто е важно за македонскиот спорт. Сакам да бидам претпазлив, мора малку порелаксирано да го дочекаме тој меч како тим и да уживамЕ“; вели Кире Лазаров.
- Реваншот се игра во недела од 20:30 во СЦ „Борис Трајковски“.
- Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Чешка Давид Трунда изјавил дека во предлогот на Џани Инфантино за продажба на правата на Мундијал на приватна компанија гледа прилика за „дополнителен развој на националниот фудбал и вложување во инфраструктурата и младинските програми“.
- Планот на ФИФА односно на нејзиниот прв човек Инфантино е Светската фудбалска организација да основа нова компанија која би управувала со правата на Светските првенства во фудбал за мажи и Светско клупско првенство за жени и да овомозжи вле на приватен капитал. УЕФА и ЕУ бурно реагираа на оваа идеја.
- „Гледам конкретна корист за чешкиот фудбал низ блиска соработка со Џани Инфантино и неговиот тим. Секако потребно е да добиеме повеќе информации но мојот личен впечаток е дека овој план може да донесе многу позитивни ефекти“, рекол Трунда.
- Компанијата ФИФА Форвард Ентерпрајз би имала капитал од 20 милијарди долари кои би се распределиле на 211 членка на ФИФА. ФИФА би задржала мнозински контролен пакет а 20% од акциите би оделе на приватни инвеститори.
- Легендарниот италијански репрезентативец, Алесандро Неста преку суров пример само ја потврди очајната ситуација во која се наоѓа националниот тим на неговата земја.
- „Син ми кој има скоро 18 години, никогаш не ја гледал Италија на Светско. Кога ќе му кажам дека бевме светски прваци, тешко му е да поверува“, вели шампионот од Мундијалот 2006-та.
- За Неста, таа фраза сумира сè. Историска репрезентација, четири ѕвезди на градите, а сега цела генерација ја знае Италија само надвор од Мундијалите.