- Во една од најлошите сезони во последните децении, Ајакс доживеа неколку бури. Резултатите во домашните турнири беа слаби, во управата изби скандал со спортскиот директор Марк Овермарс кој поради сексистички коментари мораше да го напушти клубот, а неодамна отказ даде и извршниот директор Ван дер Сар.
- Ајакс пред неколку недели го отпушти привремениот тренер Џон Хеитинга кој завшри на трето место и првпат после долги години „копјаниците“ од Амстердам нема да одат во Лига на шампиони.
- Сега за прв тренер го назначуваат Маурис Стејн кој сезонава направил сјајни резултати со Спарта Ротердам која лани била пред испаѓање во втора лига, а сезонава стигнала до 6-то место и пласман во еврокуп.
- „Маурис е сега веќе 20 години активен тренер во професионалниот фудбал од кои 10 години како главен тренер. Во сите клубови каде работеше тој ги надмина очекувањата, така што многу пати покажа дека е прав човек. Спремен е за чекор погоре, сигурен сум“, рекол новиот спортски директор на Ајакс Свен Мислинтат.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.