- На 8 февруари 1984 година владееше празнично расположение во Босна и Херцеговина, бидејќи беше во центарот на вниманието на светската спортска бина.
- Околу 60.000 гледачи на стадионот Кошево и милиони пред телевизиските екрани во цела земја одушевено ја следеа церемонијата на отворањето на 14-те Зимски олимписки игри во Сараево, главен град на тогашната југословенска република.
- „Во тие денови бевме многу загрижени, зашто немаше снег. Инаку во тоа време на годината секогаш имаше снег во Сараево и околните планини, таа година ништо. Ноќта пред почетокот на Игрите, започна да паѓа снег, беше оптимално“, вели Здравко Липовац, познат спортски репортер од Сараево, кој тогаш известувал од ЗОИ.
- Југославија како неврзана земја во тоа време беше единствено место каде можеа да се соочат на спортско поле Западот и Истокот. Сараево во тие 12 дена живееше целосно во духот на олимписката максима, да биде поле на спортски натпревар, меѓународни средби и радост.
- Откако решија да не го откупат договорот на Маркус Рашфорд кој беше позајмен од Манчестер Јунајтед, луѓето од управата на Барселона синоќа го претставија новото скапоцено засилување за новата сезона.
- Англискиот репрезентативец Антони Гордон доаѓа на „Камп Ноу“ од Барселона во трансфер вреден 70 милиони евра плус 10 милиони евра во вид на различни бонуси. Гордон потпишал петгодишен договор.
- Напаѓачот доаѓа како замена за Рашфорд и Левандовски кои заминуваат од Барселона.
- Овој трансфер покажува дека Барселона конечно финансиски закрепнала затоа што во претходните преодни рокови мака мачеше со трансфери и регистрација на фудбалерите.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.