- Седум кратниот Ф1 шампион Михаел Шумахер не е виден во јавноста од 29 декември 2013-та, денот кога доживеа тешка повреда на мозокот после пад на скијање.
- На десетгодишнината од хоророт, борбата на неговото семејство за приватност, неговото закрепнување и како непоколебливата љубов на неговата сопруга го одржува семејството.
- Септември 2019: Поранешниот шеф на Ферари и на Формула 1, Жан Тод, еден од ретките кој има привилегија да го посетува, рече дека Шумахер напредува, но ја признава сериозноста на повредата на мозокот. Шумахер е подложен на третман со матични клетки во Франција и лекарите известија дека е „свесен“, но не даваат повеќе информации.
- Септември 2021 година: Во документарен филм на Нетфликс, неколку членови на семејството на Шумахер, вклучително и сопругата Корина и синот Мик, како и други поединци како Тод, споделија сознанија за состојбата на Мајкл. Според тие информации тој е свесен, но не може да зборува или да комуницира правилно.
- Ноември 2023 година: Адвокатот Феликс Дам вели дека семејството на Шумахер размислувало, дали да ја соопшти конечната здравствена состојба на Михаел. Но на тој начин, ќе треба постојано да ажурира со информации, бидејќи неговата состојба еволуира.
- Бреша и официјално згасна. Судот во италијанскиот град пресуди дека клубот, основан во 1911 година ќе биде ликвидиран.
- Долгорочните финансиски проблеми се причината за оваа тажна вест која доаѓа од италијанскиот фудбал. Долговите изнесувале околу 20 милиони евра.
- На клубот му биле одземени 8 бода, што довело до испаѓање во Серија Ц, за потоа да не успеат ниту да регистрираат играчи. Бреша остана без лиценца за натпреварување во професионалните лиги на италијанскиот фудбал.
- Бреша е асоцијација за Роберто Баџо, а дресот на овој тим го имаа носено и Пеп Гвардиола, Андреа Пирло, Марио Балотели, Марек Хамшик, Сандро Тонали...
- Еден од најдолготрајните тренери во Премиер лигата, Еди Хау кој од ноември 2021-ва го водеше Њукасл, заминува од „Сент Џејмсис Парк“. Хау е најзаслужен што црно-белите прво опстанаа во Премиер лигата а потоа ги водеше до два пласмани во Лига на шампиони и до првиот освоен трофеј на Њукасл после цели 56 години - Лига Купот во 2025.
- Заминува како резултат на презаситеност на двете страни и не баш сјајна мината сезона. Њукасл минатата сезона не беше константен во Премиер лигата, беше во долниот дел на табелата, го елиминираа од двата Купа а во Лига на шампиони испадна со вкупен резултат 8-2 од Барселона.
- Хау заминува и поради незадоволството од преодниот рок летово. Од екипата заминаа најдобрите и клучни играчи Антони Гордон (Барселона) и Сандро Тонали (Тотенхем).
- На место на Еди Хау доаѓа младиот 38-годишен германски тренер Матијас Јаисле кој беше тренер на австриски Ред Бул Салцбург, Лиферинг и Ал-Ахли.