Кошарка

Леброн и Кармело се дружат повеќе од 20 години, еднаш му спасил живот, сега првпат ќе заиграат заедно

Другарството меѓу Мело и Џејмс трае повеќе од две децении. Леброн еднаш раскажа како му го спасил животот на Кармело на Бахами. Двајцата мечтаеле да играат во ист тим уште од моментот кога првпат стапнаа во НБА пред 18 години!

Хаос на меч од летна НБА лига

Пред крајот на дуелот меѓу Сакраменто Кингс и Далас Маверикс во рамките на НБА летната лига која се игра како подготовка за новата сезона, физички се судрија Еуџен Оморуји и Чајмези Мету. Првиов го турна вториот во еден скок, па овој најде начин да му врати. И двајцата беа исклучени од игра.

И Никола распеа како Миличиќ само не полеваше со пиво

На друштвените мрежи се појави видео на кое некогашната легенда на кошаркарскиот клуб Партизан, Никола Пековиќ кој играше и во НБА за Минесота Тимбервулвс, а сега е прв човек на кошаркарската федерација на Црна Гора, пее кафански песни во стилот на освојувачот на титула во НБА, Дарко Миличиќ.

Цела управа на Далас, претседателот, директорот и Дирк Новицки дојдени во Љубљана за Дончиќ

Суперѕвездата на Далас се договорил со клубот за продолжување на соработката на нови пет години.

Јокиќ ужива во летото и чашката

Откако реши да не игра во квалификациите за Олимписките Игри на што српската јавност реагираше бурно, Никола Јокиќ одмора во својот роден град Сомбор по напорната сезона во НБА каде беше прогласен за најдобар играч - МВП. Наскоро треба да стане најскапо платен кошаркар на светот кој ќе заработува 250 милиони долари за пет сезони.

Америка ја урна Франција за 4-то Олимписко злато по ред

Кошаркарите на Соединетите Американски Држави го освоија олимпиското злато со триумф над селекцијата која им го нанесе првиот пораз на стартот од турнирот.

Јокиќ и Денвер одиграа партија сервис и го поканија Меси

По шокантната вест дека Аргентинецот после 21 година заминува од Барса, се распали интернетот. Денвер Нагетс споделија едно видео на кое се гледа како Јокиќ, Кампацо и соиграчите играат сервис, со натпис над видеото: „Еј Меси... мислиме дека добро би се вклопил овде“.

Лука блескаше со трипл-дабл, една блокада ја спречи Словенија да оди по злато

Кошаркарите на Франција и Словенија одиграа неверојатно полуфинале со неколку резултатски клацкалици. Словенците се враќаа од голема негатива и на крајот имаа напад и шут за победа, ама Батум со четврта банана ги спречи.

Америка наострена во финале ги чека Дончиќ или Французите

И покрај бројните проблеми во игратa, поразите во подготвителниот период и неочекуваниот шок од Франција на почетокот на Олимпијадата, САД стигна до големото финале во Токио каде во недела ќе игра за четврто злато по ред!

Крај на една голема епоха, стоечки овации за легендата Скола

Многумина ја знаат историјата на Луис Скола и неговата вечна страст кон кошарката и својата земја. Аргентинецот на 42 години се збогува со националниот дрес на Олимписките Игри во Токио.

Тивкиот херој на Олимпијадата - Луис Скола доминира и на 42 години

Ветеранот кој во кариерата играше со кошаркари кои веќе повеќе од една деценија не се активни, растура за својата Аргентина без разлика на годините

Американците за Дончиќ пред да биде драфтуван

Не бил доволно брз, немал атлетски физикус или со други зборови не бил ништо посебно како играч. Така од прилика звучеа прогнозите за европскиот првак и МВП на Реал Мадрид на свои 18 години. Три години подоцна, овие што ги има на видеово подобро нека се прават наудрени нека не се они. 

Во што се разликува баскет 3 на 3 во однос на кошарката?

Еден од новите спортови воведени на игрите во Токио е и баскетот, кој некако кога ќе се спомне, не навраќа на детството и маалскиот живот. Ако бевме 9 души имаше и бољи пар, а тој што паузираше одеше по вода кај првиот комшија со чешма во двор.

Одржан НБА драфтот, Детроит и Орландо со џек-пот

Во ноќта меѓу четврток и петок со почеток од 02 часот после полноќ по наше време се одржа НБА драфтот 2021 во „Барклајз Центар“ во Бруклин.

Кошаркарски дебакл на Македонија од 66 поени разлика

Од Олимписките игри во Токио, за момент се селиме во Софија. А таму, што да видиме.

Историскиот деби олимписки настап на Лука Дончиќ

Ману Џинобили кој тежи 4 НБА титули, титула во Евролига и златен медал на Олимпијада, за настапот на словенечкиот феномен против неговата Аргентина напиша: Страшна доминација на Дончиќ. Ѕвер.

Милвоки е во транс, шампионите се појавија на улица

По пауза од 50 години, Милвоки Бакс ја слави шампионската титула во НБА лигата. Јанис и другарите направија парада со отворен автобус и го извадија цел град на нозе.

Видеото кое најдобро ги демонстрира емоциите на Јанис за титулата

Во 2014-та твитна дека никогаш нема да го напушти Милвоки сè додека не изградат тим на шампионско ниво, твит на кој се воодушеви и Коби и му постави цел. Целиот труд и напорна работа надополнети со тешкото минато без пари, документи и мачење во сиромаштија ги содржат овие солзи.

Од беден живот во Грција 18 години на црно, до тронот во НБА

Мајкл Џордан и Леброн Џејмс ги освоија првите шампионски титули на 27 години. Јанис Андетокумбо на 26. И тоа со минато како уличен продавач без документи, кој бил на штрек да не го фати полиција.

Експлозија на Јанис со 50 поени, за прва НБА титула на Милвоки после 50 години

Со неверојатен пресврт од 0:2 на 4:2 во финалната серија, Милвоки ја врати титулата во својот дом по пауза од половина век. Бакси станаа само втор тим во историјата на НБА после Мајами во 2006-та, кој успеал да се врати и да направи ваков подвиг.

Цепелин на Андетокумбо во последниот напад за целосен пресврт на Милвоки

По пауза од 50 години, кошаркарите на Милвоки Бакс се на една победа до освојување на шампионската титула во НБА. По загубените две средби, Бакси сега водат 3:2. Крајот беше драматичен. Феникс испушти напад за победа.

Ѕвезда од НБА се обидел да купи вакцини за цела БиХ

Голем број на Босанци го загубија животот во битката со Ковид 19, па во обид да помогне, се ангажирал Јусуф Нуркиќ од Портланд кој загубил роднини меѓу кои и баба му.

Лудата рампа на Јанис, клучна за 2:2 во НБА финалето

На водството од 2:0 на Феникс, кошаркарите на Милвоби Бакс одговорија во голем стил и со две добиени партии на домашен терен го израмнија резултатот и ја разгоријата битката за титулата, која постои големи шанси да се одлучива со мајсторка.

Дремеш во дуќан на полноќ и ти се појавува МВП-то од НБА

Остај ти МВП, пивце му снемало на човекот. Лето е.