Никола Јокиќ е прв центар после Шекил О`нил прогласен за МВП во регуларниот дел од сезоната во НБА, како и прв играч во историјата на Денвер.
Стана прв Србин, трет играч од Европа и шести странец на кој му успеало таков подвиг. Плус признанието го доби како 41-ви пик на драфтот или како најслабо драфтуван.
Човек со слава, милионски договори, трип дабл учиноци. Но сè се ова само бројки зад неговото име, кои не му ги менуваат навиките и ќеифот да оди во село и да се одмори.
Никола Јокиќ едноставно сака да го живее животот слободно, без фамата дека е познат. Сликан е во Парма каде после вечерата во хотел, со другарите отишол од карши во дуќанот кај некој Пакистанец по пиво, некаде пред полноќ.
Jokic in Parma@Kyle_J_Krause ✍🏼🇷🇸🤫 💛💙@FabrizioRomano here we go https://t.co/ikTG3Xemek
— Parma Fans Macedonia (@ParmafansMKD) July 12, 2021
И не само тоа. Тој возел 10 часа од Србија до Италија за да си купи коњ.