Во Босна и Херцеговина само 5% од луѓето се вакцинирани, па така Нуркиќ се обидел да купи од САД вакцини за сите негови сограѓани, со цел да се избори за целосна имунизација во својата родна земја.
Според Светската здравствена организација, во БиХ имало над 200.000 потврдени случаи и 9.600 жртви, но и покрај овие бројки тие имаат ограничен пристап до вакцината.
Босанскиот репрезентативец Јусуф Нуркиќ се обидел да помогне, но не успеал.
„Се обидов да купам вакцини за цела земја. Направив целосен план како да го изведам тоа, но сè уште не можам. Дури и да најдеме вакцини, претпоставувам дека според законите, САД не може да продава се додека не го вакцинира својот народ. Не знам што друго да направам. Навистина се обидов.
Многу земји страдаат и ги имате САД, очигледно број 1 во светот кои имаат вакцини и луѓето не сакаат да се вакцинираат. Чувствувам како човештвото некако како да пропадна. Сите земји околу треба да добијат барем дел од тие вакцини нели?“
Минатата година кога почна “меурот“ во НБА на Флорида, Нуркиќ дознал дека баба му има Ковид, а опциите за третман биле ограничени.
„По 17 дена го преживеа, потоа на 19-от ден доживеа срцев удар. Тоа беше неверојатно“.
Лошите вести ги добил додека патувал со автобус на натпревар.
„Во тој момент посакав да можам само да се качам на авион и да одам на погребот. Тешко е кога си далеку“, вели кошаркарот на Портланд.