Цепелин на Андетокумбо во последниот напад за целосен пресврт на Милвоки

По пауза од 50 години, кошаркарите на Милвоки Бакс се на една победа до освојување на шампионската титула во НБА. По загубените две средби, Бакси сега водат 3:2. Крајот беше драматичен. Феникс испушти напад за победа.

Милвоки го направи брвиот брејк во НБА финалето откако го доби петтиот натпревар со 123:119, а клучна беше последната минута во која во игра за триумф беа и двете екипи.

Феникс губеше само еден поен и тргна во напад, но многу наивно ја загубија топката во најнезгоден момент, а Бакси од тоа профитираа и на атрактивен начин стигнаа до победа.

Џру Холидеј му ја украде од раце на Девин Букер, тргна во контра и му асистираше на Андетокумбо кој ѕверски ја заби и плус се избори за слободно фрлање.

Инаку Санси имаа одличен старт на мечот и првата четвртина ја добија со висока предност од +16 (37-21), но потоа имаа голем пад и ја загубија целосно контролата на мечот,

Со овој триумф, Милвоки стана втор тим по Мајами, кој во НБА финале успеал да победе со 3:2, после негатива од 0:2.

Залудни беа 40-те поени на Девин Букер кој беше прв стрелец на средбата, бидејќи триото на Бакси беше во елемент. Андетокумбо постигна 32 поени, Мидлтон 29, а Холидеј 27.