300 милиони за ПСЖ, 700 милиони за играчот, гласи понудата на Ал Хилал за еден од најпосакуваните фудбалери на планетата. И тоа 700 како едногодишна плата. Две НБА ѕвезди му се нудат на фудбалскиот клуб после тие нереални суми кои излегоа во јавност. Јанис Андетокумбо и Лебон Џејмс.
„Тhe Greek Freak“ и беше потребен на Грција само 20 минути на средбата против Естонија (90:69), а одговори со 25 поени, 5 скока и 4 асистенции. Грците ја завршија групата со 5 од 5, а во осминафинале ќе играат против Чешка.
Тројцата НБА ѕвезди како синхонирини газеа во 4. коло од Евробаскетот. За Србија и Грција тоа значеше максимален учинок 4 од 4, а за Словенците пак рехабилитација од поразот против БиХ.
Србија и Грција одиграа неизвесен и возбудлив натпревар во квалификациите за Светско кој го добија домаќините во продолженијата. Очите вперени кон Никола Јокиќ кој со феноменален шут за три ја запали публиката. Му скандираа МВП.
Во 2014-та твитна дека никогаш нема да го напушти Милвоки сè додека не изградат тим на шампионско ниво, твит на кој се воодушеви и Коби и му постави цел. Целиот труд и напорна работа надополнети со тешкото минато без пари, документи и мачење во сиромаштија ги содржат овие солзи.
Мајкл Џордан и Леброн Џејмс ги освоија првите шампионски титули на 27 години. Јанис Андетокумбо на 26. И тоа со минато како уличен продавач без документи, кој бил на штрек да не го фати полиција.
Со неверојатен пресврт од 0:2 на 4:2 во финалната серија, Милвоки ја врати титулата во својот дом по пауза од половина век. Бакси станаа само втор тим во историјата на НБА после Мајами во 2006-та, кој успеал да се врати и да направи ваков подвиг.
По пауза од 50 години, кошаркарите на Милвоки Бакс се на една победа до освојување на шампионската титула во НБА. По загубените две средби, Бакси сега водат 3:2. Крајот беше драматичен. Феникс испушти напад за победа.
На водството од 2:0 на Феникс, кошаркарите на Милвоби Бакс одговорија во голем стил и со две добиени партии на домашен терен го израмнија резултатот и ја разгоријата битката за титулата, која постои големи шанси да се одлучива со мајсторка.
Јанис Андетокумбо, Гркот со нигериско потекло и најголема шака во НБА за кој пишувавме вчера, не може да го изговорат ни коментаторите, а камо ли луѓе по улица на кои не им е работа да го прават тоа.
Јанис Андетокумбо се изнамачил во детството, немал никакви документи и продавал на црно очила и саати за да преживее. Сега му се заблагодарува на Џејсон Кид за развојот во кошарката и со 211см знае да игра и како плејмејкер.
Јанис Андетокумбо во четвртфиналето на ЕП меѓу Грција и Шпанија му залепи толку силна банана на Пол Гасол што топката се одби од табла и стигна до линијата за три поени. И тоа не е воопшто чудно кога ќе видите колкава му е раката.