Јокиќ го имаше потегот на мечот со кој ја крена на нозе салата Штарк во Белград, каде преку 19.000 гледачи дојдоа да го следат квалификацискиот дуел за СП меѓу Србија и Грција кој заврши 100:94.
Тоа беше воедно и пресметка меѓу двете големи НБА ѕвезди и тоа Никола Јокиќ како МВП во последните две сезони и Јанис Андетокумбо кој ја освои МВП во НБА финалето минатата година.
Гркот беше најефикасен со 40 поени, 8 скока и 5 асистенции, но сепак недоволно за триумф. Јокиќ го заврши мечот со 29 поени, 8 скока и 5 асистенции.
Сите го коментираат потегот на мечот на ѕвездата на Денвер, кој од свртување со една нога му одигра еден на еден на крилниот центар на Милвоки, за делириум на трибините.
И покрај тоа што Србите со оваа тројка имаа +8 на 90 секунди до крај, сепак ја прокоцкаа предноста и мечот го добија во продолженија.
The perfect video doesn’t exi…#FIBAWC x #EuroBasketpic.twitter.com/dspVJJi279
— Denver Nuggets (@nuggets) August 25, 2022
M V P 🇷🇸🏀💪 pic.twitter.com/yle47u8qUe
— Mozzart Bet (@MozzartBet) August 25, 2022
Последната минута од мечот и блокадата на Лучиќ
Хајлајтс