20 годишниот Грк роден во Атина го носи прекарот "The Greek Freak". Има четворица браќа, сите кошаркари, а во САД се преселија минатата година откако Јанис почна да игра за Милвоки.
Брат му Танасис беше драфтуван во Њујорк Никс во НБА лигата во развој, а неговите двајца помали браќа играат кошарка во школо.
Како деца имаа тешко детство и за да преживеат морале нелегално да продаваат наочари, саати и ранци на улица. Јанис Андетокумбо чии родители се од Нигерија, доби грчко државјанство во 2013, а минатата година за Грција играше и на Светското првенство.
Тој ја има најголемата шака во НБА и на Европското првенство долга 27 сантиметри, а баскетот го држи како ракометна топка.
Србите пишуваа дека девојка му била ќерката на Весна Змијанац.