Таг: рампа

Ја имаме ли бананата на сезоната во НБА?

Грчко - хрватскиот дуел кој се случи викендов во НБА лигата не смее да се пропушти. На топ 10 листата на најдобри потези се најде на второ место, иако ова заслужува пиадестал. Ивица Зубац vs Јанис Антетокумбо. Ѕверски.

Зошто е ризично да имаш голем одраз

Добро е да го имаш за да царуваш под кошевите, ама треба да знаеш кога и како да го користиш, во спротивно ќе ти се случи ова:

Пак да ја куцаш преку Леброн

Леброн Џејмс со 18 поени, 13 скока и 15 асистенции оствари трипл дабл на мечот против Њујорк Никс кој го доби Кливленд со 119:104. Најпрецизен на средбата беше Кортни Ли, кој после ова нема да се осмели повеќе да тргне на забивање на гости кај Кавси.

Најголемата шака од НБА која го разнесе Гасол

Јанис Андетокумбо во четвртфиналето на ЕП меѓу Грција и Шпанија му залепи толку силна банана на Пол Гасол што топката се одби од табла и стигна до линијата за три поени. И тоа не е воопшто чудно кога ќе видите колкава му е раката.

Уште некој за банана?

Во таканаречената НБА развојна лига од каде многу таленти потоа завршуваат во најелитната лига, ќе се задржиме на 23 годишниот Адрејан Пејн од Остин Спарс.

Нов начин на радост во НБА

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Џавал Мекги одлично го блокираше атрактивниот обид за кош на Мет Барнес, но неговата рампа сакаше да остане запаметена и со автограм на баскетот.