Експлозија на Јанис со 50 поени, за прва НБА титула на Милвоки после 50 години

Со неверојатен пресврт од 0:2 на 4:2 во финалната серија, Милвоки ја врати титулата во својот дом по пауза од половина век. Бакси станаа само втор тим во историјата на НБА после Мајами во 2006-та, кој успеал да се врати и да направи ваков подвиг.

За првпат после 1971 година Милкови стигна до тронот во НБА-лига откако во шестиот натпревар од финалето беше подобар од Феникс Санс со 105:98.

Мечот донесе драматична неизвесност затоа што домаќините на стартот имаа предност од +13, а Санси во втората четвртина направиja голем пресврт и во еден момент имаa водство од 18 поени разлика.

Но “грчкиот ѕвер“ одигра импресивна партија тогаш кога најмногу требаше и блесна со фасцинантен учинок од 50 поени, 14 скока у 5 блокади, што е реткост во едно НБА финале.

Бројките зад името на Јанис Андетокумбо се тешко достижни.

Внимавајте добро, тој стана кошаркар со најмногу постигнати поени во просек во НБА финалињата и тоа погледнете кој е зад него.

Тој е само втор играч во историјата на НБА финалињата кој успеал да постигна по минимум 40 поени и 10 скока на три меча. Другиот е Шек.

Ноќеска влезе во друштво на легендарните Џордан и Олајџивон и успеа да стане МВП во регуларниот дел од сезоната (2019/2020), МВП во финалето (2020/2021), како и најдобар дефанзивен играч на сезоната (2019/2020).

Блокадата на Јанис

И уште една

Монструозното забивање на Лопез

Финишот 

Толпата пред сала

Говорот на Јанис

Подигнувањето на трофејот

Честитките од тренерот

21 јули 2021 - 09:14