Јанис Андетокумбо го одигра најдобриот натпревар на Европското првенство и ја предводеше Грција до триумф над Украина од 99:79, со кој го потврди првото место во групата Ц.
Ѕвездата на Милвоки Бакс беше незадржлива со учинок од 41 поен, 9 скока и 2 асистенции. Ова е најголема ефикасност на европрвенствата во последниве две децении. Во 2001-ва Дирк Новицки постигна 43.
Best player in the world? 🤯
— #EuroBasket 2022 (@EuroBasket) September 6, 2022
🇬🇷 Giannis Antetokounmpo drops 41 PTS, the most in a single #EuroBasket game since Dirk's 43 in 2001.#BringTheNoise pic.twitter.com/Sh2oejDQjJ
Пласманот во осминафинале го обезбедија и Словенците кај кои се вратија насмевките после шокот од БиХ.
Дончиќ беше фантастичен со 36 поени, 10 скокови и 4 асистенции со кои им го нанесе првиот пораз на Германците, со резултат 88:80.
If Luka's smiling, you're in trouble. 🔥
— #EuroBasket 2022 (@EuroBasket) September 6, 2022
A masterclass from @luka7doncic, as he guides Slovenia past Germany in the 'Group of Death'!#EuroBasket x #BringTheNoise pic.twitter.com/IEuVWnfwvK
Дабл дабл учинок имаше и Никола Јокиќ, а мечот против Израел го заврши со 29 поени, 11 скокои и 5 асистенции. Србите славеа 89:78.
🃏 Joker was on a mission racking up 29PTS, 11REB & 5AST! 🃏#EuroBasket x #BringTheNoise pic.twitter.com/xIVfDxJbDO
— #EuroBasket 2022 (@EuroBasket) September 6, 2022