Сеполиа е кварт во периферијата на Атина, место оддалечено од туристичките атракции и зона со огромна сиромаштија. Токму таму семејството Андетокумбо одлучува да го живее својот втор живот. Чарлс бил фудбалер, а Вероника атлетичарка кои во 1991 година бегаат од Нигерија во Грција за подобар живот.
Живееле во две соби, родителите во една, четворицата браќа во друга. Пресвртницата им се случува со помош на талентот на Јанис, кој во моментов го носи дресот со бројот 34 во Милвоки Бакс.
„Кога моите родители дојдоа во Америка, испратив лимузина за да ги земе од аеродром. Сакав да им покажам како живеам тука и да ги изненадам“, вели ѕвездата на Милвоки кој стигнал така едноставно до денот за да може да плати лимузина.
Работа на црно
За да помогне дома, Јанис во страв да не бидат вратени во Нигерија со брат му Танасис се снаоѓале по улиците на Атина и продавање саати, радија, очила. Кога ќе им дошла полиција, велеле дека документите ги заборавиле дома. Со нив растеле и помалите двајца браќа Костас и Алексис, сите родени во Грција, освен петтиот брат Франсис кој е фудбалер во Нигерија.
Танасис, роден 1992-ра играл кошарка во Филатлитикос, а со него и неговиот две години помлад Јанис кој подоцна ќе стане славен. На 18 години потпишал за Сарагоса, но не заминал никогаш во Шпанија.
НБА
На теренот на Филатлитикос, скаутите кои работеле за САД го забележале талентот со голем потенција, долг раце и импресивна брзина. Проблем биле само документите, бидејќи тој немал ниту нигериско, ниту грчко државјанство и практично 20 години живеел на црно во Грција. Успеал да ги реши преку кошаркарската федерација на Грција која му извадиле грчки пасош, исто и на неговото семејство. Пречките за трансфер во НБА биле надминати на 9 мај 2013 година.
Правец во Милвоки
Другиот негов златен датум е 27 јуни 2013 година кога како 15-ти пик на драфтот станува член на Милвоки Бакс. Го добива прекарот „The Greek Freak“, а првата сезона добива просечна минутажа од 25 минути и учинок од 6,8 поен, 4,4 скокови и 1,9 асистенции. Расте 5 сантиметри и стигнува до висина од 211 см. Летото 2014-та во НБА стигнува и брат му Танасис, а го бира Њујорк како 51-ви, но потоа го враќаат во развојната лига.
Факторот Кид
Бакси во 2014-та за нов тренер назначија нов тренер за да состави тим со млади перспективни играчи.
„Фала му на Бога што дојде Џејсон Кид, ми даде повеќе да играм со топка и со него добро се развивам како играч“, рече Јанис.
Минутажата му рипка на 31 во просек по натпревар, а проскот на 12,7 поени, 6,7 скокови и 2,6 асистенции. Милвоки успеа да влезе лани во плејофот, а Андетокумбо доби репрезентативен повик од Грција на Европското првенство.
„Кид ме следи чекор по чекор, разговараме на тренинзите, се обидува да ме научи на многу работи кои ги гледа како тренер и како ги практикувал како играч. Се развивам и се обидувам да учам и да бидам лидер, да бидам подобар и да му помогнам на тимот на победува. Знам дека сум млад и се обидувам да се носам со ветераните“.
Човек за сè
Јанис Андетокумбо е млад и може да игра на различни позиции, а според Кид може да биде и плејмејкер со таа висина.
„Кога ме тргна на страна да ми каже дека сака некоја минута да ме стави како плејмејкер, се изненадив. Му реков дека не знам дали ќе можам. Но тој е еден од најдобрите кошаркари на таа позиција, ако Кид ме гледа како плеј, јас сакам само да го слушам што има да ми каже и да ми објасни. Не беше лесно, но ми помогна“.
Јанис стигна до 15,9 поени по натпревар, 6,4 скокови, 2,5 асистенции, 0.9 украдени топки и 1,2 блокади. Милвоки не е меѓу најдобрите екипи и има 10 победи и 16 порази, но може да се потпре на младите кои ја сопреа историјата серија на Голден Стејт од 24:0. Андетокумбо стигна до трипл дабл од 11 поени, 10 асистенции и 12 скокови, специјалност на неговиот учител кој има стигнато до 107 во кариерата.
Инаку Јанис ја има најголемата шака во НБА лигата.
Како го залепи Гасол на Европско.