Милвоки е во транс, шампионите се појавија на улица

По пауза од 50 години, Милвоки Бакс ја слави шампионската титула во НБА лигата. Јанис и другарите направија парада со отворен автобус и го извадија цел град на нозе.

Бакси го организираа славјето, не со еден, туку со пет двокатни автобуси кои направија делирум кога се појавија низ улиците на Милвоки.

Радоста за титулата беше огромна бидејќи ја остварија со епски пресврт од 0:2 на 4:2, а ја чекаа половина век. Јанис Андтетокумбо во 2014-та вети дека ќе остане во овој град сè додека не изградат шампионски тим и го исполни ветувањето.

По завршувањето на парадата, кошаркарите се упатија кон салата „Фисерв форум“ во која настапуваат и го продолжија големото славје.

23 јули 2021 - 10:52