Од новите спортови на Летните Олимписки игри, пишувавме за фасцинантната приказна на Бразилецот кој го освои првиот златен медал во сурфање.
Сега се префрламе на баскет, да видиме какви правила захтева овој спорт. Не е баш исто како маалскиот. Ако ја фатиш под кош нема одма положување, туку за да поентираш треба да се вратиш позади линија.
Вакви се правилата:
- Се игра 3 на 3 со една резерва во тим.
- На само едната половина од паркетот, што значи на еден кош.
- Не се скока за прв напад, туку се фрла паричка.
- Натпреварот трае 10 минути, а може да заврши и кога некој ќе дојде прв до 21 поен со минимум 2 поени разлика.
- Во случај на нерешено се играат продолженија.
- Нападот трае 12 секунди, а не 24 како во кошарката.
- Акцијата почнува со додавање надвор од линијата за 3 поени, односно тука се 2 поени.
- Во случај на дефанзивен скок, не може веднаш да се шутира, туку мора прво да се излезе од под кош до линијата.
- Кош постигнат од внатре во рекетот вреди еден поен, а надвор од линијата 2 поени.
- За фаул во обид за постигнување кош се добива едно слободно фрлање, а доколку фаулот е надвор од линијата се шутираат две слободни.
- За седми прекршок на еден тим се добиваат две слободни фрлања, а за десетти, две слободни и топка.
- Нема исклучување со 5 лични грешки како во кошарка, туку само со две неспортски.
- Секој тим има право на еден тајм аут
На игрите во Токио првиот златен медал го освои Летонија, Русија има сребро, а Србите бронза. Во женска конкуренција шампионки се САД пред Русија и Кина.