Итало Фереира пораснал во мало село во Бразил. Татко му бил рибар и не можел да си дозволи да купи даска за сурфање. Научил да сурфа на капак од фрижидер, ама од оние малите за на плажа. И тоа пазете од стиропор направена.
Денеска, тој испиша историја во олимпизмот и стана прв човек со освоен златен медал во сурфање, спорт кој дебитира на ЛОИ во Токио.
Капакот од стиропор не е единствената пикантерија во приказнава, туку и неговото патешествие до медалот.
Итало не успеал на време да стигне на игрите, бидејќи летот за Јапонија бил одложен 18 часа поради тајфун. Кога пристигнал во Токио ја немал со себе сурферската опрема и во квалификациите настапил со фармерки и позајмена даска од свој сонародник.
Но ова не е првата несреќна ситуација пред ултра важниот настап на Олимписките игри. На Светското првенство во САД му ја обиле колата и му ги украле пасошот и визата за Јапонија. Па тој веднаш по брза постапка морал одново да вади документи за историското учество.
И после сите овие драми, Бразилецот со тешко минато и невозможна мисија, не само што успеа да учествува, туку и да освои златен медал во спорт кој прв пат се одржува на Олимпијада.
Погледнете ја сценава, плаче и тој и новинарот.
both Olympic surf champion Italo Ferreira and reporter crying after Italo won the gold medal for Brazil pic.twitter.com/PTVjq7qWDT
— tori⁷ (@2ndmirror) July 27, 2021
А во неговото родно место немаше спиење во 4 наутро.
Celebrations in Italo Ferreira’s hometown at 4am local time after his historic win in the #surfing competition! 😍🇧🇷@icaroccarvalhopic.twitter.com/67CU54Dh99
— Olympics (@Olympics) July 27, 2021