Ако мислевте дека најдоброто од Дончиќ што можеше да го понуди беше во олимписките квалификации, каде оствари импресивен учинок против Ангола, Полска, Венецуела и Литванија со просечни 21,3 поени, 11,3 асистенции и 8 скока, се лажете.
Тој имаше блескаво деби на Олимписките игри во Токио и тоа против Аргентина, финалист на последното Светско првенство во Кина пред две години.
Настапот му беше застрашувачки и историски и со тоа со рекорден број на поени, постигнати од страна на кошаркар од Европа.
Словенија на својот прв олимписки настап славеше против светскиот вицепрвак со 18 поени разлика (118:100), а Лука експлодираше со 48 поени надополнети со 11 скока и 5 асистенции. Да повториме, на својот деби настап на Олимпијада.
Уште во првото полувреме во кое Словенците имаа предност од +22 (62:40), тој беше незадржлив со 31 поен.
Со овој негов учинок Дончиќ е втор најдобар стрелец во историјата на Олимписките игри, а поефикасен од него е само бразилскиот легендарен играч, Оскар Шмит кој во Сеул 1988 на Шпанија и даде 55 коша.
The greatest Olympic debut in #Basketball history. LUKA. MAGIC. 🇸🇮
— FIBA #Tokyo2020 (@FIBA) July 26, 2021
⭐️ Best scoring tally by a European in Olympic history
⭐️ Personal career high (previously 46 in the @NBA)
⭐️ Tied 2nd most in an Olympic game
⭐️ Defeated World Cup 2019 vice-champions 🇦🇷#Tokyo2020 pic.twitter.com/1hLzUfCwy3
И самите Аргентинци не штедат зборови и се реални во коментарите за еден од најдобрите играчи на денешницата кој растура во НБА лигата.
„Најдобриот играч во светот“, рече селекторот на Аргентина, Серхио Хернандес.
А легендарниот Ману Џинобили твитна:
„Страшна доминација од страна на Дончиќ. 31 поен во едно полувреме. Ѕвер“.
Tremendo dominio del juego de parte de Doncic. 31 pts en un tiempo. Una bestia.
— Manu Ginobili (@manuginobili) July 26, 2021
Свој коментар имаше и Богдан Богдановиќ од Атланта Хокс:
@luka7doncic auuuu brate, sta ti radis!!! 😱😬
— Bogdan Bogdanovic (@LeaderOfHorde) July 26, 2021
За олимпиското деби на 22 годишниот член на Далас има еден куп коментари, а еден од нив е дека неговиот настап дошол како удар од еспресо.
Vitória da Sérvia frente a Argentina 118-100🚨
— MoneyBall Podcast (@moneyballpod) July 26, 2021
Que estreia de Luka Doncic nos Jogos Olímpicos:
48 PTS
11 REB
5 ASTS
3 BLKS
62% FG
31 Minutos
LUKA MAGIC. 🪄 pic.twitter.com/DsHlKMk4jq