Кармело Ентони потпиша договор со ЛА Лејкерс кој летово реши да направи собир на врвни ветерани. Да се случеше пред пет години, овој трансфер ќе беше еден од најголемите во историјата, но сега е како редовен, обичен настан.
И двете страни го добија тоа што го сакаа: Лејкерс добива снајпер кој во сезоната 2020/2021 имаше шут за три со прецизност од 40,9%. Кармело во мај следната година ќе има 38 години и најверојатно реална можност да се бори за шампионски прстен во НБА.
Настаните во последните пар години влијаеле на односот на Мело. Извесно време без баскет поради глобалната пандемија, па две сезони во Портланд како главен играч влијаело тој да го смени пристапот кон кошарката. Токму тоа одиграло клучна улога Леброн Џејмс кој се дружи повеќе од 20 години со Кармело Ентони, да одобри негов трансфер во клубот и првпат откако се во лигата, број 1 и бројот 3 од НБА драфтот 2003 ќе играат во ист тим.
Претходно играа заедно само во репрезентацијата на САД и на Ол-Стар натпреварите.
Судбината на Кармело Ентони и Леброн Џејмс се споила пола година пред да влезат во НБА лигата. Ги споредувале често во средните училишта па затоа и некаков ривалитет во текот на овие 20 години богати кариери.
На почетокот на нивното ривалство, Ентони често бил омилен меѓу публиката зошто поради неговите елитни навики на расен стрелец, го спремале да биде ѕвезда број 1 во НБА.
Но колку голем и да бил нивниот ривалитет, колку големи и да биле споредбите меѓу нив двајца, тоа никогаш немало влијание на нивната дружба.
Дружба која се родила пред повеќе од 20 години во еден хотел во Њу Џерси.
ЛЕБРОН ЏЕЈМС МУ ГО СПАСИЛ ЖИВОТОТ НА КАРМЕЛО ЕНТОНИ
На 10 февруари 2002 година во Америка се играл голем кошаркарски меч: на неутрален терен, во Њу Џерси се сретнале тимот на едно старо училиште по име Сент Винсент и Мери на чело со лидерот Леброн Џејмс и тимот на академијата Оук Хил каде учел и настапувал Кармело Ентони.
Мело е една година постар од Брон и тогаш важеле за најдобри играчи во цела Америка на нивна возраст.
Овој натпревар дошле да го гледаат дури 11.000 гледачи а мечот бил пренесуван на државни телевизии.
Двата школски тима стигнале во Њу Џерси на ден пред мечот. И двата состави биле сместени во ист хотел па Леброн и Кармело се сретнале.
„Еј, ти си Мело, така?
-Да.
„Јас сум Леброн. Ми се допаѓа како играш брате“.
До тој момент се сретнале само еднаш. Во јуни 2001-ва Џејмс станал најдобар млад играч кој учествувал во тренинг кампот организиран од репрезентацијата на Америка. Таму биле уште и Дерон Вилијамс, Рејмонд Фелтон, Џеј-Џеј Редик.
Но на тој турнир неверојатно играл Леброн Џејмс.
„Слаб дечко од Балтимор со плетенки на главата. Памтам дека кога дојдов дома им раскажав на другарите од школо дека сум играл против најдобриот дечко од сите што сум ги видел“, се сеќавал Леброн.
А Кармело од таа средба како средношколци раскажал:
„Се вљубив во неговата игра баш на тоа место и во тоа време“.
Следен пат се сретнале после пола година. Ентони веќе се преселил во Вирџинија. Не заборавил на талентот од Охајо и едвај чекал пак да се пробаат.
„Не знаевме ништо еден за друг. Просто седевме со саати и муабетевме. Чуствуваме дека имаме многу заедничко. Дома сме без еден родител, растурено семејство, детство во несигурни маала. Нашата историја беше иста, обединети бевме не само преку кошарка. Тогаш и почнавме да се дружим“, вели Ентони.
„Се испостави дека во животот е така. Мислев дека може да станеме другари на долго време“, додава Џејмс.
„Јас сакав добри односи со него, и он исто. Така се запознавме во најпогоден момент за да почнеме дружба.
Во дуелите на паркет Оак Хил бил подобар. Кармело еднаш постигнал 34 поени и 11 скока а Леброн имал 36 поени. Тогаш стекнале однос на дружба во прв ред а ривали во втор ред.
Во следните сезони веќе не се сретнале на паркет. Кармело Ентони се запишал на универзитетот Сиракјуз и го освоил NCAA првенството, а Леброн Џејмс станал најозборуваниот средношколец во САД. Цела НБА јавност зборувала за него и сите го чекале драфтот.
Во периодот пред драфтот, Леброн и Кармело долго зборувале по телефон за тоа како ќе ги изберат како прв и втор пик. Леброн веќе беше планиран во Кливленд Кавалирс, во неговата родна држава, а Мело го гледаа како дел од Пистонс.
Од Кливленд до Детроит има само 270 километри. Брон и Мело се договарале како ќе се среќаваат за празници и ќе си одат на гости еден кај друг, како четири пати во годината ќе играат еден против друг, можноста да се сретнат во плејоф итн...
Но тогаш голем бум направи Србинот Дарко Миличиќ кого го избраа како втор пик на драфтот во 2003-та и Детроит Пистонс се реши за него. А Ентони замина во далечниот Денвер кој игра во Западната Конференција, далеку од Источната каде другарите Мело и Брон се гледаа заедно.
Тоа значеше дека ќе се сретнат два пати за сезона на паркетот.
****
ПРВИТЕ НБА ЧЕКОРИ НА НЕВЕРОЈАТНИТЕ ТАЛЕНТИ
Во првиот, дебитантски настап во НБА, Кармело Ентони постигна 12 поени против актуелниот шампион Сан Антонио Спарс. Заедно со тренерот на Нагетс Џеф Бзделик, тој ја гледал графиката на ESPN каде стоеле имињата на другите дебитанти и нивниот учинок: Џејмс 25 поени, Двејн Вејнд 18 поени. Кармело се разочарал, а тренерот Бзделик го потсетил дека само неговиот тим победил, а Леброн и Вејд изгубиле дента.
Леброн и Кармело Ентони ги споредуваа во текот на цела сезона.
„Мене ми викаа дека треба да играм во стилот на Мело. Да шутирам почесто“, велел Џејмс.
Првиот нивен дуел се сретнал после една недела од стартот на сезоната 2003/2004. Нагетс на гости изгубиле кај Пејсерс во Индијана и дошле во Кливленд на полноќ. Колку се воодушевил Кармело кога видел дека со кола дошол неговиот другар Леброн.
„Просто сакав да покажам гостопримство“, се сеќава на тој момент најдобриот играч во НБА за неколку сезони.
Дуелот на 5 ноември таа 2003-та ги потсетил на вечните битки во средно школо. Тогаш ги гледале милиони гледачи а сега скоро милијарди ширум целиот свет. Таков интерес за некој дуел во НБА немало уште од времето на Меџик Џонсон и Лери Бирд.
Кармело го заврши тој натпревар со 14 поени (6/17 од игра), а Леброн беше послаб: 11 поени (3 погодени шута од игра). Денвер Нагетс славел победа.
„Околу нас имаше толку многу бука. Не бев спремен уште на тоа. Порано секогаш мислев само на кошарка“, се пожалил Кармело.
Леброн бил уште понервозен: „Вие (новинарите) само уште повеќе ја разгорувате вревата“.
Следниот нивен меѓусебен дуел се одиграл после еден месец, овојпат во Колорадо. Џејмс тогаш промашил 13 шута, ама затоа Кармело Ентони растурил со 26 поени! Нагетс пак го победил Кливленд Кавалирс.
Појавата на неверојатниот Мело му помогнал на Денвер да заигра во плејоф првпат после 1995-та година. Леброн не сакал да го пропушти тоа и бил на отворањето на серијата меѓу Нагетс и Тимвервулвс во арената „Минесота“. Носел маица од Кармело Ентони.
„Тоа многу ми значеше. По ѓаволите, сфатив дека нашата дружба е реална!“, се чудел Ентони.
Успехот на клубот од Колорадо траеше подолго. Денвер Нагетс стигнуваа до плејофот цели 10 години по ред.
Леброн во првите пар сезони не можеше да се пофали со настап во плејофот. И покрај тоа што го прогласија за најдобар новајлија во НБА лигата за 2003/2004, тој успеа да го однесе Кливленд во плејоф само во 2006-та година.
****
Кармело Ентони и Леброн Џејмс сонувале да играат заедно во иста екипа уште од школските времиња. Ентони го сметал Леброн за идеален плејмејкер кој може да му асистира и кога е невозможно. Леброн сметал дека тоа што би играл со другар му од Балтимор би го направил совршен во нападот.
„Пријателе, во неговата игра се чувствуваше духот на Источниот брег, духот на Балтимор... Мело игра како да лета“, рекол Џејмс на времето.
Како што раскажа новинарот Хауард Бек за Bleacher Report, кошарката можела да ги спои на паркетот уште пред повеќе од 10 години (сега од летово ќе играат заедно во ЛА Лејкерс).
Имено уште во 2006-та Леброн им кажал на другарите дека на драфтот 2003 со Кливленд Кавалирс ќе потпише три годишен договор вреден 60 милиони долари, за да може во 2010-та да замине на пазарот на слободни агенти. Така постапил и Вејд, а Мело...
„Кармело потпиша договор на пет години“, рекол Леброн.
„Сакав да останам во Денвер. Многу верував во екипата, мислев дека можеме да направиме нешто посебно“, ја објаснил Кармело Ентони одлуката да потпише петгодишен договор вреден 80 милиони долари!
Но Нагетс не направија нешто посериозно. А од друга страна Мело гледал како се создава „Големото трио“ Леброн, Вејд и Крис Бош во Мајами Хит. Притоа и жена му Ла Ла го притискала да заминат, а најмногу го барал Њујорк Никс.
И бидна трампа. Никс го земаа Кармело уште пред да му заврши договорот. Ентони се спои во Њујорк со снажниот Амаре Стадемаер.
Во првите три години Њујорк Никс три пати влегоа во плејоф а еднаш дури и се пробија до полуфинале на конференција. Но ништо повеќе и Кармело беше разочаран од проектот. Леброн во меѓувреме ја освои титулата, шампионски прстен и стана МВП со Хит, а после и со Кливленд Кавалирс на кого му донесе историска титула.
Но тоа не влијаело на нивниот добар однос.
„Единствено што може да ме изнервира за време на натпреварите со Мело е неговата фризура. Ако има добра фризура и игра со насмевка, знам дека е во ред. А ако му е порасната коса и пуштил брада, знам дека не е во ред“, се смеел Леброн.
Последните години за кариерата на Ентони не беа добри. Бракот му се распаѓал, а желбата да игра баскет била се помала. Проба во Оклахома Сити Тандер, после во Хјустон каде имаше очаен настап и цела една година го немаше во НБА се додека не потпиша договор со Портланд.
Тогаш Леброн не се разочарал што Лејкерс не го потпишале неговиот другар.
„Верувам дека се има своја причина. Секако дека ќе бев среќен да го видам во тимот. Но како што гледате сега не можам да бидам незадоволен и да повторувам дека он требаше да стане дел од Лејкерс. Си има своја судбина, ако му било судено да стане „езерџија“ ќе стане.
Просто сум благодарен на Бога што Мело се врати таму каде што и требаше да биде. Тоа е здраво“.
Пред првата рунда од плејофот на сезона 2019/2020, Леброн Џејмс со задоволство раскажал за тоа како му го спасил животот на Кармело Ентони додека овој го истражувал подводниот свет на Бахами.
„Мело не се врати на брод со сите, па почнав да го барам. Со Божја помош и благодарение на тоа што имав сила и не се плашам од вода, успеав да го извлечам до бродот. Во тој момент мислев само како да го спасам брат ми“, се сеќава Леброн на потресниот настан.
Кармело потврдува.
„Он ми го спаси животот. Брон ја многу го почитувам тоа. Ме занесе струја и делфините очигледно не можеа да ми помогнат. Одеднаш го видов Леброн како скока во вода. Со една рака ме повлече кон себе а со друга пливаше до другите“.
Конечно дојде денот кога после повеќе од 25 години дружба, ќе играат заедно во иста екипа.
„Не се обединивме претходно зошто секој имаше своја траекторија, секој одеше по свој пат. Но дојде време. Со годините цело време се шегувавме за тоа. И сега дојде време да бидеме во иста екипа. Подобро време не можеше да се погоди. Што ми кажа Леброн летово? Рече дека мора да го сториме тоа. Ми кажа дека сум им потребен“, вели Кармело.
И Леброн Џејмс и Кармело Ентони веќе се далеку над 30. Теоретски ако стигнат до финалето, Брон ќе има 37 а Мело 38 години. Но најдобриот играч на Лејкерс вели дека бројките не им сметаат. Летово ЛАЛ потпишаа дури шест играчи постари од 31 година и ќе играат со една цел - да го освоијат шампионскиот прстен.
За Кармело тоа би била прва титула во НБА, а за Леброн веќе петта! Но и двајцата се среќни што конечно играат во ист тим. Како што сонувале пред 20 години.