ФРАНЦИЈА - СЛОВЕНИЈА 90:89 (27:29, 15:15, 29:21, 19:24)
Лука Дончиќ денес за малку не ја продолжи бајката која го следи од почетокот на сезоната. Со репрезентацијата немаше пораз на 17 меча по ред, а денес во полуфинале на Олимписки Игри суперѕвездата на Далас Маверикс имаше трипл-дабл (само трет играч во историја на ОИ со таков учинок после Леброн и Белов) со: 16 поени (5/18 за 2), 18 асистенции, 10 скока, 1 блокада и 1 украдена топка.
Од друга страна играч на мечот беше Нандо Де Коло со 25 поени, 7 скока и 5 асистенции. Иван Фурние одигра голема улога во триумфот откако додаде 23 поени со 5 скока и 3 асистенции, а Тимоти Луваву имаше 15 поени со 5 скока.
Неверојатниот плејмејкер Де Коло ја води Франција во четврто олимписко кошаркарско финале каде Французите ќе се борат за 10. олимписки медал во кошарка.
Клучен момент на мечот се случи во последните секунди кога при резултат 90:89 за „триколорите“, Лука Дончиќ го поведе последниот напад за Словенците, додаде до Клемен Препелиќ кој тргна на влез но таму искусниот Никлас Батум „го залепи“ и Франција славеше пласман во финале.
Nic Batum with the block to send France into the gold medal match. WOW. pic.twitter.com/Lilbsu4A5S
— E'Twaun Paramoore (Still Suspended) (@MarcoRomo_) August 5, 2021
Кај Словенците покрај Дончиќ кој одигра 36 минути и 35 секунди речиси цел меч, ефикасни беа уште и Клемен Препелиќ со 17 поени, Мајк Тоби со 23 поени, 8 скока и 2 асистенции, Јака Блажиќ уфрли 14 поени со 5 скока, а Влатко Чанчар 11 поени со 9 скока и 1 асистенција.
Ова беше прв настап на Олимписки Игри за кошаркарска репрезентација на Словенија од нејзината независност. Словенците ќе играат за бронза и трето место против Австралија во сабота од 4:30 наутро по наше време, а финалето е исто во сабота од 13:00 часот: Франција и Америка.