Кошарка

ФИБА не ја призна судиската грешка

По состанокот на техничкиот комитет, ФИБА ја одби жалбата на кошаркарската репрезентација на Македонија и ја потврди победата на Црна Гора.

Србија триумфираше над Литванија

Продолжија изненадувањата во групата Б на стартот од Европското првенство во Словенија. По победата на Летонија над БиХ и кражбат на мечот Црна Гора - Македонија, репрезентацијата на Србија изненади против Литванија.

Поднесена жалба по судиската неправда

По кражбата од страна на судиите во последните моменти од натпреварот со Црна Гора, македонската делгација поднесе жалба за непризнаениот поен.

Судиски грабеж за пораз од Црна Гора

Македонската кошаркарска репрезентација исто како и на минатиот Евробаскет, со пораз од истата селекција ги започна настапите на Европското првенство во Словенија. И покрај големата предност која ја имавме во текот на целиот меч, Црногорците славеа со 81:80.

Да се повтори бајката од Литванија

Леле што направивме! Ќе направиме ли повторно со нов селектор, но со истите јунаци од минатиот Евробаскет пред две години, предводени од капитенот Перо Антиќ, незапирливиот Бо Мекејлеб, кошмарот на Литванците Владо Илиевски и искусното трио од таборот на македонскиот шампион, Гечевски, Чековски и Стојановски.

Календар за Евробаскет

Како и за секое поголемо спортско натпреварување, шпанскиот дневен спортски весник Marca и за Европското кошаркарско првенство во Словенија го направи најдобриот интерактивен календар.

Дванаесетмината на Пипан

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Алеш Пипап на еден ден пред заминувањето за Словенија, го објави конечниот список на играчи кои ќе патуваат на Европското првенство.

Тренерот на Перо Антиќ уапсен за пијано возење

Перо Антиќ ќе има весело друштво во НБА. Тренерот на Атланта Хоукс, Мајк Баденхолзер е уапсен заради возење под дејство на алкохол.

Грифин вода да му носи

Во 2011. година Блејк Грифин победи на Ол-стар со забивање преку автомобил. Гај Дупуј, дечкото што редовно ги засенува НБА ѕвездите, изведе слично забивање, со тоа што тој во лет ја протна топката низ нозе.

По Грција, падна и Германија

Проработе македонската кошаркарска машинерија пред Европското првенство во Словенија. По победата над Грција, репрезентацијата на Македонија денес славеше победа и против домаќинот. Совладана е Германија со убедливи 67:81.

Како нашите ги пречекаа Грците

По победата на кошаркарите над Грција, нашите навивачи со „Излези момче“ ги пречекаа и им фатија сеир на Грците пред салата во Улм.

Македонија подобра од Грција во трилер завршница

Кошаркарската репрезентацијата на Македонија предводена од Антиќ и Мекејлеб извојува победа над Грција во завршните минути од подготвителниот натпревар на турнирот во Германија.

Тоа е потегот!

Се наближува Европското првенство во Словенија, па би сакале на нашите кошаркари да им предложиме еден потег кој можат да го искористат на некој од натпреварите.

Македонија ја почувствува шпанската фурија

Кошаркарската репрезентација на Македонија забележа уште еден пораз на подготвителните натпревари пред Евробаскетот во Словенија, но за разлика од вчерашниот тесен пораз, овој пат Шпанците не растурија.

Кошаркарите немаа до крај сили против европскиот шампион

Македонската кошаркарска репрезентација забележа уште еден пораз во пресрет на Европското првенство, но овој пат во самиот финиш не успеавме да го сопреме актуелниот европски шампион, репрезентацијата на Шпанија.

Кош од пола терен вреден школување

Универзитетот Бол Стејт од Индијана им даде шанса на неколку бруцоши да шутираат од пола терен за бесплатна школарина вредна околу 11.000 долари. 18-годишниот Маркус Бурден ја искористи својата шанса.

Кошаркарската репрезентација потфрли во финишот

Кошаркарската репрезентација на Македонија со слаба игра во финишот од неефикасниот пријателски натпревар, загуби со 50:62 од репрезентацијата на Литванија.

Дриблинг на денот

Во спортот не е важно само да се направи добар дриблинг. Уште поважна е завршницата, односно потегот што следи по дриблингот.

ФИБА ќе организира Светско клупско првенство

Повторно ќе се игра за титулата светски клупски шампион во кошарка. По пауза од 17 години ФИБА ќе го организира Интерконтиненталниот куп на кој ќе се сретнат шампионите на Јужна Америка и Европа.

Откриена е платата на Антиќ во НБА

Според hoopsworld.com првиот Македонецот кој направи историски чин за македонскиот спорт, во Атланта Хоукс ќе заработи 1,2 милиони долари за една сезона.

Перо Антиќ и официјално е член на Атланта

Историски момент за македонската кошарка. Перо Антиќ е првиот кошаркар од Македонија кој ќе игра во НБА лигата откако Атланта Хоукс и официјално објави за договорот со нашиот капитен.

Адвокатот што го однесе Антиќ во НБА

Македонија конечно ќе има кошаркар во најсилната лига на светот. Перо Антиќ се сели во Атланта Хоукс. Освен квалитетите на самиот кошаркар, најголема заслуга за неговиот мега трансфер има и еден адвокат кој криминалците реши да ги замени со кошаркари и од тогаш владее со европските трансфери.

Родителите на Коби му ги продадоа трофеите

Предметите кои беа ставени на аукција од страна на семејството на Коби Брајант заради што тој беше приморан да ја тужи својата мајка, беа продадени за околу пола милион долари.

На Кириленко не му е до пари, сака титула

Најдобриот руски кошаркар Андреј Кириленко има можност се уште да заработува одлични 10 милиони долари и во новата НБА сезона за тимот на Минесота, но тој заработи повеќе од доволно и одбра тим со поголеми амбиции.