Атланта по навика, Сан Антонио почна да победува

Ноќта меѓу петокот и саботата се одиграа 14 средби во НБА лигата. Атланта Хокс го совлада Орландо 95:88, додека Голден Стејт беше подобар од Торонто 113:89. На победничка патека се врати актуелниот шампион во лигата, Сан Антонио Спарс.

Иако во текот на првото полувреме имаа висока предност, кошаркарите на Атланта мораше да се помачат во финишот за да го победат Орландо. Пол Милсап со 20 поени беше најефикасен кај Јастребите, а по 17 поени уфрлија Џеф Тиг и Ал Хорфорд. Перо Антиќ одигра 13 минути, во кој постигна важна тројка во вториот дел, кога Атланта направи мини серија во финишот. Антиќ имаше уште и пет скокови и две асистенции. Кај тимот од Флорида, Никола Вучевиќ уфрли 21 поен, а имаше и 15 скокови од кои 10 во одбраната. Синоќешниот триумф беше 46. во сезоната за Атланта Хокс.

Голден Стејт се опорави од тешкиот пораз од Кливленд и синоќа го совлада Торонто 113:89. Триото Томпсон-Кари-Грин ги водеше воините до нова победа. Клеј Томспон уфрли 25, Стефон Кари еден помалку, а Грин покрај 17 поени имаше уште и девет скокови. Рос беше најефикасен кај Репторси со 17 поени.

По четири порази по ред, СА Спарс конечно победи, овојпат против Сакраменто 107:96. Тони Паркер беше предводник во славјето со 19 поени, пет скокови и четири асистенции. Кавај Ленард уфрли 17, а Ману Џинобили 16.

НБА Резултати:

Филаделфија - Вашингтон 89:81
Атланта - Орландо 95:88
Детроит - Њујорк 115:121
Торонто - Голден Стејт 89:113
Бостон - Шарлот 106:98
Хјустон - Бруклин 102:98
Њу Орлеанс - Мајами 104:102
Мемфис - ЛА Клиперс 79:97
Чикаго - Минесота 96:89
Денвер - Јута 82:104
ЛА Лејкерс - Милвоки 101:93
Портланд - Оклахома 115:112
Сакраменто - Сан Антонио 96:107
Индијана - Кливленд 93:86