Пред повеќе од една деценија, ФИБА лесно крена раце и го загуби најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување во Европа, кое го зграби УЛЕБ.
Во 2000. година, тогаш веќе формираната УЛЕБ Евролига се состоеше од екипите кои буквално дезертираа од ФИБА Евролигата и до денес игра под закрила на УЛЕБ. 15 години, регионалните клубови од Балканот во елитното натпреварување може да заиграат само низ АБА лигата, со што во втор план се ставија домашните првенства.
Како што пишува српскиот Блиц, ФИБА тргнува во акција токму со минирање на Јадранската лига, затоа што АБА лигата е слаба точка во системот на УЛЕБ. Поради тоа, на следниот состанок на челните луѓе на ФИБА во Минхен на 9. февруари би требало да се расправа и околу судбината на регионалната кошарка на просторот на поранешна Југославија.
„ФИБА има во план веќе од следната сезона да основа сопствена Евролига, како пандан на актуелната Евролига на УЛЕБ. Војната меѓу ФИБА и УЛЕБ би можела да доживее кулминација во Минхен, кога ФИБА планира да го поништи признанието на АБА лигата“, пишува Блиц.
Во целата ситуација, АБА лигата може да биде колатерална штета од битката.
ФИБА планира да даде акцент на враќање на клубовите во своите домашни првенства, преку кои би имале преодност до нивната Евролига. Веќе од октомври 2015. година, ФИБА сака да почне со своја Евролига, во која АБА лигата би била одвишок и непотребно натпреварување. Судиите веќе нема да можат да судат во АБА лигата, затоа што во исто време судат и на Светските и Европските првенства кои се играат под патрон на ФИБА“, заклучува порталот Блиц.
Останува да се види реакцијата на словенечкиот, српскиот и хрватскиот сојуз, затоа што тоа се федерации кои редовно имаа претставници во Евролигата.