Шест секунди до совршенство во НБА сезонава

НБА гифовите не се само видео од пет-шест секунди, туку се цел свет на желби, поплаки, среќа, тага и еуфорични прослави во ист момент. На 15. април завршува регуларниот дел и почнува плејофот, а за најзначајни моменти од НБА лигата досега се издвоија следните настани.

Коби Брајант
Коби ќе ни фали еден ден кога ќе ја заврши кариерата, па дури и на оние што го мразат ќе им фали да го мразат. Тој е последниот олд-скул НБА тиранин што не се плаши од никој. После еден тренинг, Коби ги испрати соиграчите и спортскиот директор на Лејкерс кај што не треба и го прекина тренингот. Затоа тренинзите на Лејкерс биле од затворен тип, а ние можеме да замислиме што се случувало во соблекувалните кога Ајверсон ги „мрдна" во финалето со Филаделфија.

 

Твитот на жедниот Дион Волтерс

Кога еден НБА играч ќе го твитне својот поентерски хајлајт на својот профил, тоа значи дека е или фалбаџија или е Дион Волтерс. Кошаркарот на Кливленд Кавалирс сезонава неколку пати очекуваше топка во последниот напад, како да не знае за кој е планиран последниот шут. Притоа, му се тресат рацете и очајно сака да шутне.

 

Направете ебена блокада
Говорот на тренерот на Детроит, Стен Ван Ганди на дуелот со Сан Антонио, на кој се играа продолженија:

 

Танцот за победа на воините
Овој гиф е краток, но за него има многу нешта да се кажат. Голден Стејт губеше пет разлика од Чикаго Булс и беше на прагот од само втор пораз на домашен паркет сезонава. Во еден момент, зад клупата на Вориорс се случи магичниот танц за триумф над биковите.

 

Несогласувањето на Крис Пол
Соиграчите често му замеруваат на кошаркарот на ЛА Клиперс дека многу им дрдори на теренот. Крис Пол е меѓу 10-те најдобри играчи во лигата според статистиката, но тоа не му е доволно на паркетот. Судењето е една од работите што не може да ги контролира и тогаш губи контрола.

 

Цупкањето на Ланс Стефенсон
Кошаркарот на Шарлот сезонава игра како раштимана гитара. Да бидеме фер, таква е и неговата кариера. Стефенсон дојде меѓу Хорнетс како шутерско засилување, но шутот за три поени му опадна на мизерни 15%. Проблемите со препоните во последно време не му дозволија да игра редовно, а и кога игра, цупка.

 

Кемблок
Лежерниот шут на Хозе Калдерон од Шарлот против Њујорк, ја покажа состојбата на Никси сезонава. Секој противник против нив игра со половина сила, па така шутираше и Шпанецот.

Сепак, неочекувано од позадина стигна Кемба Вокер и го залепи онака, како што си замислувал со години. Во целата ситуација чудно е што Калдерон изгледаше како да е на турски стадион, па не го слушнал предаторот кој трча од позади.


Замислениот
Одличната игра на Кливленд се должи на феноменалниот тандем Леброн Џејмс - Кевин Лав. Овие двајца кошаркари на тој начин ги засенија сите шпекулации дека меѓу нив нешто не е како што треба. Пред почетокот на сезоната, Кевин Лав се мислеше дали да си оди или да остане во Кливленд, а пред извесно време Леброн постираше на Твитер: “Престани да бараш начин како да заминеш и остани. Биди дел од нешто посебно! Само мое размислување.“

На Кевин Лав му остана да мисли дали тоа се однесувало на него:

 

Балмер Мен
Неодамнешно истражување во САД покажало дека колку човек го зголемува богатството, толку повеќе заборава на однесувањето во некакви норми. Поентата: Стив Балмер, сопственикот на ЛА Клиперс и мултимилијардер се заигра на една песна на Ферги и изгледаше буквано инфантилно.

21 милијарда долари. Тоа покажува колку пари треба да имаш за да не те боли уво како ќе изгледаш пред светот.

18 февруари 2015 - 13:43