НБА Ол стар

Вестбрук МВП на историскиот Ол Стар со 321 поен

Натпреварот меѓу најголемите НБА ѕвезди започна во 1951. година, а синоќешниот дуел го одбележаа најмногу поени во историјата на овој спектаткл. Следната година, Ол стар циркузот ќе патува во Канада.

Минатата година, во Њу Орлеанс Истокот го победи Западот со осум поени разлика, 163:155. Кајри Ирвинг од Кливленд лани беше прогласен за МВП на мечот, а Истокот ја зголеми разликата на 37:26 во победи.

Годинава, во Њујорк, западната конференција ја победи источната 163:158 и на тој начин победи по петти пат на последните шест Ол Стар дуели. Инаку, никогаш во Ол Стар историјата (првата средба се одигра во Бостон 2. март 1951. година) не се постигнати 321 поени.

Натпреварот во Медисон сквер гарден го одбележаа Расел Вестбрук, кој поентерски го бркаше Вилт Чемберлејн, и Леброн Џејмс кој го престигна Мајкл Џордан по поените.

За убедливо најкорисен играч на вечерта е прогласен Расел Вестбрук, кој уфрли 41 поен и стигна на само два поени од сè уште актуелниот рекорд на Чемберлен. Најдобар стрелец на Ол Стар натпреварите останува капитенот на ЛА Лејкерс. Брајант поради повреда не настапи синоќа, но и натаму е поентерски лидер со 280 поени.

Инаку за првпат во последните 16 години Ол старот се врати во Њујорк, затоа што во глобала НБА лигата често го одредува југот или западот за организација, поради потоплото време. Следната година, Ол старот ќе се игра во Канада.

Најдобри потези од НБА Ол стар натпреварот во Медисон сквер гарден:

Фантастично издание на Вестбрук:

Прогласување на МВП играч на Ол Старот:

 

Атракција на Стеф Кари и Џејмс Харден:

Стеф Кари дефинитивно е чудо од играч:

Лобот на Кари и забивањето на Новицки:

Вратија Кајл Лоури и кралот Џејмс:

Соиграчот на Антиќ од Атланта, Кајл Лоури покажа дека е меѓу најдобрите скокачи во лигата:

Вестбрук играше мајтап со „источните“:

За првпат на еден Ол стар дуел, двајца браќа беа стартери:

Зошто Стеф Кари заслужи сезонава МВП:

Вестбрук забиваше ненаситно:

Ријана
 

Ники Минај

Флојд Мејведер

Џеј Зи и Бијонсе

Мутомбо и Клинтон