Атланта со изменет состав го победи Мајами

Перо Антиќ доби одмор на синоќешната драматична средба на Хокси кои забележаа тесна и четврта победа по низа. Шампионот Сан Антонио го декласирше Феникс, а победничка ноќ имаа и екипите на Јута, Мемфис, Бруклин, Вашингтон и Њујорк.

Јастребите успеаа да го добијат Мајами без дури четворица играчи кои беа поштедени од Мајк Баденхолцер, а тоа беа Ал Хорфорд, Демаре Керол, Џеф Тиг и Перо Антиќ. Триумфот на Атланта на Флорида е број 47 оваа сезона, а најзаслужни за тоа синоќа беа Пол Милсап со 22 поени, Денис Шредер имаше учинок од 16 поени и 10 асистенции а Кент Бејмор постигна 15 поени.

Кавај Ленард со 22 коша и 10 скокови потпомогнат од Дени Грин, Борис Дијао и Ерон Бејнс кои реализираа по 12 поени беа творци во високата победа на актуелниот првак Сан Антонио кој славеше над Фенис со 27 поени разлика.

Топ 10 потези:

РЕЗУЛТАТИ:

Милвоки - Јута 75:82
Мемфис - Минесота 101:97
Вашингтон-Детроит 99:95
Торонто - Њујорк 98:103
Бруклин - Далас 104:94
Сан Антонио - Феникс 101:74
Атланта Хокс - Мајами Хит 93:91

1 март 2015 - 13:33