Генерација Коби Брајант

НБА драфтот пред 19 години беше еден од најдобрите драфтови на сите времиња. Во 1996. година го донесе Коби Брајант, Алан Ајверсон, Стив Неш, Пеџа Стојаковиќ и тројца од десетте кошаркари кои заработиле најмногу пари во НБА лигата, а стигнале од драфт.

Многу кошаркари од оваа генерација '96-та денеска уште играат кошарка, но меѓу нив има и наставници по математика, ЕСПН аналитичари, како и поранешни банкари. Еден од нив кој игра активно е Коби Брајант.
 
Ален Ајверсон беше избран за прв пик на драфтот во 1996. година, од Филаделидја 76ерс. Во последно време имаше финансиски проблеми, но и натаму е главен лик на компанијата Рибок, од која досега заработил 32 милиони долари.

Маркус Чемби беше избран за втор пик на драфтот од Торонто Репторс. Минатото лето, Чемби отвори берберница во Хјустон. Последно играше за Њујорк Никс во 2013. година.

Шариф Абдур-Рахим во 1996. беше избран како трет пик од Ванкувер Гризлис. Рахим неколку години беше помошник во Сакраменто Кингс, но даде отказ минатото лето.

Стефон Марбери беше четвртиот пик и го трејдуваше Минесота Тимбервулвс. По борбата со депресијата, ја напушти НБА во 2009. година и замина во Кина, каде стана легенда. Во градот Бежинг има негова статуа.

Милвоки Бакс го трејдуваа Реј Ален кој беше петти пик на драфтот таа година. Ален во моментов размислува да се врати на паркетот, откако веќе освои две титули со Мајами Хит.

Ентоан Вокер беше шести пик на драфтот, избран од Бостон Селтикс. Во една прилика изјави дека потрошил најголем дел од 110 милиони долари колку што направил во НБА кариерата. Во моментов работи како финансиски советник на спортистите.

Лоренцен Рајт беше седми пик на драфтот во 1996. година. Играше за Клиперс до 2010. година, кога полицијата го најде мртов на 34 години. Истрагата покажа дека Рајт се самоубил.

Кери Китлс потпиша со Њу Џерси Нетс како осми пик на драфтот. Работел како банкар, а во моментов го води „Инсајд Колеџ Баскетбол“ шоуто, кое се емитува на СБС Спортс Нетворк.

Самаки Вокер замина во Далас Маверикс како деветти пик на драфтот. По настапите во Кина, Сирија и Либан, го уапсија во 2011. година. Во моментов работи во кошаркарската клиничка компанија во Лос Анџелес, отворена во 2014. година.

Ерик Дампиер беше избран за десетти пик од Индијана Пејсерс. Дампиер имаше долга и мошне успешна НБА кариера, која што ја заврши во 2012. година. Во кариерата направил околу 97 милиони долари.

Тод Фулер како 11. пик беше избран од Голден Стејт Вориорс. Во моментов предава математика во средно училиште во северна Каролина.

Виталиј Потапенко стана играч на Кливленд Кавалирс кој го потпишаа како 12. пик на драфтот во 1996. година. Потапенко во моментов работи како тренер во младинските категории на Кавс.

Коби Брајант беше избран како 13. пик на драфтот и подоцна го трејдуваа од Шарлот во ЛА Лејкерс. Езерџиите за него го дадоа Владе Дивац. Коби стана еден од најдобрите играчи во историјата на НБА лигата и единствен активен кошаркар во моментов од сите играчи од драфтот во 1996. година.

Пеџа Стојаковиќ беше избран како 14. пик од Сакраменто Кингс. Кралевите го повлекоа неговиот број во 2014. година. Србинот играше 15 години во НБА, а кариерата ја заврши како еден од најдобрите странски кошаркари во историјата на лигата.

На легендарниот драфт во 1996. година, Стив Неш беше 15. пик и потпиша со Феникс Санс. Повредите го спречија да влезе во Куќата на славните. Одигра само 15 натпревари во последните две години и летово планира да се пензионира, поради сериозни проблеми со грбот.