Се очекуваше дека Торонто и Атланта ќе одиграат изедначен натпревар во дербито на истокот, но Репторси не размислуваа така и лесно го совладаа тимот на Перо Антиќ 105:80. На тој начин, Репторс станаа првата екипа сезонава, што два пати ја победила Атланта Хокс.
Гостите го решија дуелот во третиот период кој го добија со 28:13. Одличен натпревар одигра Лу Вилијамс со 26 поени и 4 скокови, а ДеМар Дерозан додаде 21 поен со 8 скокови. Кај Хокси, по 11 поени постигнаа Милсап, Корвер и Џеф Тиг. Нашиот Перо Антиќ за три минути на паркетот имаше 5 поени и два скока.
Банани на двете страни како на баскет цела трета четвртина:
Стефон Кари повторно беше на ниво, овој пат против шампионот Сан Антонио. Кари постигна 25 поени и 11 асистенции, додека Клеј Томпсон го заврши натпреварот со 20 поени. На другата страна, кај Спарси, по 12 поени постигнаа Леонард и Бејнс, а Дијао уфрли 11.
Кари си поигруваше со Тони Паркер:
Страшен потег по украдена топка во контра:
Во дербито на западот, Далас го совлада Хјустон 111:100, благодарение на одличната партија на Ал-Фарук Амину кој даде 17 поени со 12 скокови. Херис уфрли 17, а Рондо 13. На другата страна, стандардно одличен беше Џејмс Харден со 26 поени, 7 скокови и 5 асистенции.
НБА резултати:
Орландо - Њу Орлеанс 95:84
Филаделфија - Индијана 95:106
Алтанта - Тороното 80:105
Детроит - Чикаго 100:91
Њујорк - Мајами 87:111
Минесота - Феникс 111:109
Вашингтон - Кливленд 89:127
Далас - Хјустон 111:100
Милвоки - Денвер 89:81
Јута - Портланд 92:76
Сакраменто - Бостон 109:101
Голден Стејт - Сан Антонио 110:99
ЛА Лејкерс - Бруклин 105:114