Кошарка

Атланта славеше, Антиќ одмораше

Џеф Тиг со рекордно издание во неговата кариера ја предводеше Атланта до победа против Филаделфија на натпревар на кој тренерот Баденхолцер повторно му даде одмор на Перо Антиќ.

Гинисов рекорд со шут од трибина

Членот на Харлем Глобтротерс,Тандер Лоу постави нов светскиот рекорд за кошаркарски поен од најголема далечина.

Што ако "Space Jam" беше вистински

Во нашето детство имаше и подобри филмчиња, но "Space Jam" со Мајкл Џордан и анимираните јунаци се уште ни будат најмногу носталгија. Токму затоа ESPN деновиве направи и цела документарна емисија во која поранешни играчи, тренери и новинари го анализираа натпреварот како да бил вистински.

Четири поени за Антиќ во поразот од Никси

Атланта Хокс го забележа четвртиот пораз по осум одиграни натпревари. Овој пат тие на домашен терен загубија од Њујорк Никс со 91:95.

МЗТ “не преживеа“ во Казан

Кошаркарите од Аеродром имаа долг и напорен пат кон главниот град на руската република Татарстан, а таму ги чекаше пекол против фаворитот Уникс Казан кој со висок триумф од 85:61 го делкасираше македонскиот шампион за полн ефект во групата.

Најстрогиот НБА судија

Некои судии се строги при донесување на одлуки за фаул, а има и судии како Џои Крафорд кои се строги дури и со дечките што го бришат паркетот.

Атланта славеше во Шарлот

Атланта Хокс ја забележа четвртата победа по седум одиграни натпревари во НБА лигата. „Јастребите" славеа на гостувањето кај Шарлот Бобкетс, а Перо Антиќ доби заслужен одмор од тренерот.

Трета победа за Атланта Хокс

Атланта Хокс и Перо Антиќ ја забележаа третата победа по шест одиграни натпревари. „Јастребите" во Филипс арената беа подобри од Орландо Меџик.

МЗТ го прекина постот и во АБА лигата

По три порази во низа, македонскиот шампион МЗТ Скопје ја прекина црната серија и во Јадранската лига совладувајќи ја екипата на Крка со 80:75.

Бананата на Хиксон над Антиќ

Блокадата на вечерта на натпреварот помеѓу Денвер и Атланта беше дело на Хиксон, а за жал втората главна улога во оваа акција ја имаше Перо Антиќ.

Седум поени за Перо во драматичен пораз кај Денвер

Нашиот претставник во најквалитетното кошаркарско натпреварување го одигра за него рекордното време на паркетот и постигна најмногу поени до сега во НБА лигата, но Атланта Хокс забележаа минимален пораз на гостувањето кај Денвер Нагетс.

МЗТ го разби малерот

По шест порази во низа во двете натпреварувања, кошаркарите на МЗТ Скопје го скршија мразот и ја забележаа првата победа во Еврокупот совладувајќи го естонскиот Калев од Талин со 79:70.

Раскошниот имот на Мајкл Џордан на аукција

Ако имате вишок од 250.000 долари, а се уште ве пука носталгија по најдобриот кошаркар на сите времиња по кој НБА лигата не е повеќе иста, можете да учествувате на аукцијата на која ќе се наддаваат пари за овој луксузен дом на најславната 23-ка.

Прва гостинска победа за Антиќ и Атланта

Сакраменто Кингс им станаа редовни пациенти на Атланта Хокс. Кошаркарите на Атланта ја забележаа 11-та победа во серија над овој тим, а ова воедно е прв гостински триумф за Атланта и Перо Антиќ оваа сезона.

Првиот пик уште нема дадено кош од поле

Кошаркарите кои биле бирани како први прикови на НБА драфтот секогаш имале тежок почеток на сезоната, но најверојатно никој не бил толку ужасен како Ентони Бенет кој и по четири натпревари се уште нема постигнато ниту еден поен од поле.

Автокош тројка

Пожртвуваноста не секогаш се исплати. Тоа најдобро го знае Џејмс Јанг од Универзитетот Кентаки кој во обид да спаси топка од аут, си постигна автокош.

15.000 долари казна за непристојна прослава

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Ендри Блач заработи казна од 15.000 заради непристојна прослава. Резервниот центар непристојно гестикулираше при прославата на тројка на клупата за резерви за време на победата над Мајами.

Антиќ и Атланта немаа сили за целосен пресврт против Лејкерси

Атланта Хокс на Перо Антиќ го забележа вториот пораз на третиот натпревар во новата сезона на НБА лигата. Овој пат Атланта беше блиску до изненадување во Лос Анџелес, но на крајот Лејкерси победија со 105:103.

Дебакл на МЗТ во Смедерево

Актуелниот македонски шампион очигледно се наоѓа во кризен период. По двата порази во Еврокупот и трите во АБА лигата, тимот од Аеродром го одбележа и шестиот непосакуван резултат во низа на меѓународните натпреварувања. Мега Визура славеше убедливо со 101:82.

Први поени за Антиќ и прва победа за Атланта

Перо Антиќ ги постигна првите поени на официјален натпревар во НБА. Првиот Македонец во ова натпреварување имаше учинок од пет поени во првата победа на Атланта Хокс оваа сезона, совладувајќи го Торонто со 102:95.

Убаво е да се биде Коби Брајант барем на први ноември

Ок е денешниот ден затоа што веројатно ви стигнала платата и сега правите планови какви ќејфови да терате викендов. Најлесно тоа ќе го испланира Коби Брајант затоа што денеска му легнаа на сметка скромни 24 милиони долари.

Карта за НБА натпревар за „само“ 15 илјади долари

Ако случајно сте добиле седмица на лото, можеби ќе сакате да потрошите 15.000 долари за од прв ред да го гледате дербито Мајами-Лејкерс. Не е проблем и ако немате толкав џеб. Некои натпревари во НБА може да ги гледате и за помалку од 10 долари.

Осум минути за Антиќ на официјалното деби во НБА

Го дочекавме и тој ден. Македонија и официјално стана дел од НБА лигата преку Перо Антиќ кој ги одигра првите осум минути за кои остана без поени при поразот на Атланта на гостувањето кај Далас.

МЗТ високо поразен во Турција

Актуелниот шампион на Македонија го забележа и третиот пораз во второто по ранг клупско европско натпреварување. Турскиот претставник Банвит Бандирма се покажа како пресилен за составот на Вукоичиќ кој загуби со 24 поени разлика.