Атланта славеше, Антиќ одмораше

Џеф Тиг со рекордно издание во неговата кариера ја предводеше Атланта до победа против Филаделфија на натпревар на кој тренерот Баденхолцер повторно му даде одмор на Перо Антиќ.

Со одлично издание на Тиг, Керол и Хорфорд, екипата на Атланта Хокс ја забележа петтата победа по девет одиграни натпревари.

Кошаркарите на Филаделфија беа подобри во првото полувреме и имаа предност, но Атланта направи пресврт во вториот дел и на крајот победи со 113:103.

Џеф Тиг постигна 33 поени, Керол 21, а Хорфорд 20 поени. Најефикасен кај Филаделфија беше Тарнер со 27 поени. Перо Антиќ по втор пат не настапи по втор пат оваа сезона.

РЕЗУЛТАТИ:
Индијана – Милвоки 104:77
Торонто – Чикаго 80:96
Атланта – Филаделфија 113:103
Бостон – Портланд 96:109
Кливленд – Шарлот 80:86
Мајами – Далас 110:104
Денвер – Минесота 117:113
Феникс – Бруклин 98:100 (92:92)
Јута – Сан Антонио 82:91
ЛА Лејкерс – Мемфис 86:89
Сакраменто – Детроит 90:97

16 ноември 2013 - 09:06