Првиот Македонец во НБА лигата продолжува да пишува нови поглавја во историјата на нашата кошарка. Перо Антиќ е избран во идеалниот тим на ѕвездите во подем кои ќе настапат на Ол стар викендот.
Македонскиот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје оствари голем триумф на „жешкиот“ гостински терен во Белград совладувајќи го Партизан во 18-то коло од АБА лигата.
Атланта Хокс периодов е ослабена поради отсуството на нашиот интернационалец кој се очекува на паркетот да се врати за две до четири недели, но тоа не значи дека немаме што да видиме од него.
Статусот ѕвезда не значи дека на секој НБА кошаркар му носи и голем профит надвор од теренот. Коби Брајант и Леброн Џејмс се магнети за снимање реклами, а Дирк Новицки изгледа дека никој не го вика за такво нешто. Ова се најплатените кошаркари за оваа сезона.
Во рок од 6 минути да се постигнат 27 коша не е невозможно, но тоа го направи само еден човек на натпревар од универзитската лига во САД кој се однесуваше како да е на тренинг.
Уште една блескава партија на Перо Антиќ во НБА лигата, овој пат со прв дабл-дабл учинок во победата над „Магичните“ за која практично беше најзаслужен во финишот на мечот со четири поени во низа.
Нашиот единствен претставник во најсилната кошаркарска лига во светот постигна 17 поени против актуелниот шампион во НБА лигата кој синоќа беше поразен од Хокси со 121:114.
Кошаркарите на Бруклин Нетс беа пресилни за екипата на Атланта Хокс која претрпе убедлив пораз од 127:110, вкупно 19-ти на 39 меча оваа сезона во НБА лигата. Перо Антиќ беше дел од стартната петорка.
И покрај тоа што Леброн Џејмс тврди дека никогаш не симулира, камерите редовно го ловат како се обидува да одглуми фаул, па неговото фолирање стана нов тренд и мета за исмејување на интернет под името "LeBroning".
Не се работи за натпревар од НБА лигата, туку за храбро момче од американско школо на кое му требаше само еден чекор залет ладнокрвно да постигне кош кој го постигна од под својот кош, со звукот на сирената на крајот од третата четвртина.
Перо Антиќ одигра уште една одлична партија и го повтори својот рекорд во НБА со 16 поени и тоа против најдобриот тим во лигата во моментов. Ова се сите поени на Перо против Индијана.
Кошаркарите на Атланта Хокс ја прекинаа црната серија од три порази во низа и тоа со победа против моментално најдобриот тим во лигата, Индијана Пејсерс. Антиќ го повтори својот рекорден скор во НБА.
НБА лигата најверојатно конечно ќе стави крај на најлошиот договор во историјата на спортот кој ги чини околу една милијарда долари. Овие пари се слеваат во џебот на двајца браќа.
Ја започнавме иницијативата за праќањето на Перо Антиќ на Ол стар и решени сме да ја тераме работата до крај, на овој или оној начин. Перо мора да оди на Ол стар, па ако не може на главниот натпревар, тогаш сигурно мора да може на мечот на ѕвездите во подем!
Кошаркарите на Атланта Хокс немаа време за одмор и втора ноќ по ред одиграа уште еден натпревар и забележаа нов пораз. Овој пат Атланта загуби на гостувањето кај Чикаго Булс.
Перо Антиќ го одигра својот најдобар натпревар во кариерата со 16 поени и 7 скокови против Голден Стејт. Ова се сите поени на Антиќ на првиот натпревар во НБА кариерата кој го започна во стартната петорка.