Атланта го победи и Хјустон

Кошаркарите на Атланта Хокс ја забележаа и 20-та победа по 37 одиграни натпревари, совладувајќи ја екипата на Хјустон Рокетс со 83:80.

Атланта Хокс ја прекина црната серија од шест порази против Хјустон Рокетс. Кајл Корвер и Пол Милеп со по 20 поени ја предводеа екипата на Атланта до втората победа во серија.

Кошаркарите на Хјустон стартуваа подобро, но Атланта успеа да се врати и по израмнетиот и интересен натпревар на крајот триумфираше со 83:80.

Антиќ повторно беше во стартниот состав и одигра 22 минути за кои постигна четири поени, а оствари и три скока.

11 јануари 2014 - 08:48