Антиќ одмораше, Атланта загуби

Екипата на Атланта Хокс без услугите на Перо Антиќ загуби на гостувањето кај Мемфис Гризлис со 108:101.

Перо Антиќ го пропушти натпреварот против Мемфис заради болки во грбот. На натпреварот со Хјустон тој добил удар во грбот при дуел со Двајт Хауард, па тренерот Баденхолцер се реши да го одмори и Антиќ од клупата следеше како неговиот тим загуби од Мемфис Гризлис со 108:101.

Мајк Конли со 21 поен го предводеше Мемфис, а Милсап со 21 и Тиг со 20 поени беа најефикасни кај Атланта.

Во четврток во 21 часот по македонско време Атланта Хокс на свој терен ја пречекуваат екипата на Бруклин Нетс.

13 јануари 2014 - 09:00