Атланта декласирана без Перо Антиќ

Кошаркарите на Атланта Хокс без услугите на Перо Антиќ беа високо поразени од Сан Антонио Спарс.

Атланта Хокс нема да може да смета на Перо Антиќ во следните две до четири недели заради скршеница на скочниот зглоб, а неговото отсуство веднаш се одрази и на резултатите на тимот. Без Антиќ кој повреден играл цела недела и успеа да оствари и дабл-дабл учинок, Атланта беше декласирана на домашен терен од Сан Антонио Спарс.

Атланта не само што го ја забележа 20-та победа по 42 одиграни натпревари, туку и го загуби Џеф Тиг кој се повреди во втората четвртина.

Без Антиќ, Тиг и Хорфорд, екипата на Атланта воопшто не пружи отпор и губеше со повеќе од 20 разлика во текот на целиот натпревар и на крајот загуби со 79:105.

Тим Данкан со 17 поени и 16 скокови беше најдобар на натпреварот, а кај Атланта се истакна Пол Милсеп со 15 поени и 8 скокови.

25 јануари 2014 - 08:31