Антиќ одигра одличен натпревар искористувајќи ја првата шанса за место во првата петорка. Тој беше најдобар кошаркар на Атланта Хокс со 16 поени, 7 скокови и една украдена топка за 27 минути игра.
Но наместо прослава, Атланта и Антиќ можат да жалат за испуштената предност од 15 поени која ја имаа во последната четвртина. Кошаркарите на Голден Стејт направија голем пресврт и на крајот во драматична завршница, победија со 100:101 со тројката на Андре Игудала во последна секунда.
Дејвид Ли со 23 поени беше најефикасен кошаркар на натпреварот, а покрај Антиќ кај Атланта се истакна и Тиг со 14 поени и 7 асистенции.