Кошарка

НБА распоред: Перо во Канада, Леброн за Божиќ во Мајами

Новата сезона во НБА лигата, нашиот Перо Антиќ ќе ја отвори на гостувањето кај Торонто на 29. октомври, додека претходната вечер на 28 – ми, во дербито на колото Сан Антонио ќе го пречека Далас.

Кошаркарите славеа во Данска

Во Хорсенс, градот во централна Данска, нашата селекција стигна до втората победа во квалификациите за Евробаскетот 2015. По Белгија во Скопје, црвено – жолтите вечерва ја совладаа и Данска (81:75).

Македонија ја доби трилер завршницата против Белгија

Возобновената кошаркарска репрезентација на Македонија одлично го стартуваше новиот циклус за Евробаскетот кој се игра наредната година. Во „Борис Трајковски“ на колена падна силната Белгија која немаше одговор за пресвртот на нашите јунаци.

Стојан Ѓуроски потпиша за Левски

Македонскиот репрезентативец и досегашен играч на Луизјана Тек, потпиша 3-годишен догoвор со бугарскиот клуб Левски. Ова е првото засилување на Левски годинава.

Роберт Левандовски си најде нов клуб!

На познатиот центарфор на Баерн му најдовме истоименик во кошарката кој не ни звучи познато, освен по тоа што го носи неговото име и презиме.

Прва жена асистент тренер во НБА

Откако за прв пат дебитираше жена тренер во фудбалот, во втората француска лига, сега и во НБА лигата жена ќе црта тактики по таблите, како асистент на Грег Попович во Сан Антонио.

Новиот Мурешан кој расте по 10 см годишно

Роберт Боброцки е за нас непознато име во кошарката. Се работи за дете од Романија кое на 13 години, (тоа кај нас ќе му дојде седмо одделение) е повисок од Шекил О`Онил, Сабонис и уште ред други бивши или сегашни НБА центри.

Забива од слободни а не игра во НБА

Навикнати сме да гледаме луди забивања од САД, но не и кога станува збор за играчи надвор од НБА. Средношколецот Шелби Мекивен ја воодушеви кошаркарската јавност во светот, откако заби од линијата за слободни фрлања.

Леброн и Гасол во нови авантури, Данкан по шести прстен

Со враќањето во Кливленд, Џејмс како да ја отвори вратата на трансферите во НБА. Нова средина одбра и Пол Гасол, а верноста на дело ја покажаа староседелците Данкан, Новицки и Вејд.

Франција без пола играчи на Светското во Шпанија

По отсуствата на Тони Паркер, Жоаким Ноа и Алексис Ажанса, на триколорите им откажа и Кевин Серафин, центарот на Вашингтон Визардс.

Хрватска меѓу домаќините на Евробаскетот 2015?

Поради воената криза во Украина, ФИБА ѝ го одзема ЕП на оваа земја, а по кандидатурата на Турција, заедно со Франција се кандидираа Хрватска, Италија и Германија.

Премногу го гледал Робен

Американците се заљубија ова лето во фудбалот и за време на Мундијалот го срушија рекордот на гледаност во САД кој го држеше Суперболот. Но некои деца кои тренираат баскет, не сфатиле дека ова прво место на Робен не е за фалење.

Го паметите ли Џејсон Вилијамс?

Еден од најдобрите асистенти во историјата на НБА лигата знаеше и мижеечки да ја додаде топката во секое време. Се пензионираше пред три години и ги носеше дресовите на Мемфис, Сакраменто, Мајами и Орландо. Во силно друштво на Крис Вебер, Дивац и Стојаковиќ, Кингси им пркосеа на Лејкерси со Коби, Шек и Одом. 

МВП на младинскиот Евробаскет е Охриѓанец

На Европското кошаркарско првенство за играчи до 20 години кое заврши вчера ние не игравме, но таму имаше наше дете кое ја претставуваше Турција со која го освои првенството и беше прогласен за најдобар играч. 

Можат ли европските тренери во НБА?

Во последно време сè повеќе тренери од Стариот континент, како асистенти заминуваат во НБА за да го докажат својот квалитет на највисоко ниво. Блат доминираше во Европа, но дали ќе се снајде како прв тренер со Леброн во најсилната кошаркарска лига на светот?

15 НБА ѕвезди во годината пред да влезат во НБА

Откако и официјално ќе ги драфтуваат во НБА, новите играчи одат на летен НБА камп каде што покажуваат што знаат пред да влезат во машинеријата. Речиси и да нема играч што не играл во овие кампови.

Перо останува во НБА

Славниот македонски крилен центар уште една година ќе биде дел од најквалитетната кошаркарска лига во светот во составот на „Јастребите“.

Македонска репрезентација, почнуваме од ново

Гечевски, Чековски, Меккејлеб, Антиќ и Самарџиски се играчите кои се збогуваа со репрезентацијата, а на нивно место чекаме некои нови лица кои своето искуство ќе го „берат" од Владо Илиевски и Војдан Стојановски.

Не и личи некако

Сосема неочекувана сцена на кошаркарски натпревар за жени, на кој симпатичната Русинка Илона Костин прави намерен неспортски фаул.по што ја праќаат порано под туш.

Европската клупска кошарка сè поинтересна

Минатата сезона Евролигата донесе големи возбудувања, како по групните фази, така и во завршницата. Макаби Тел Авив сосема неочекувано, од сенка ги победи големите ривали и стигна до трофејот, по што Дејвид Блат беше избран за најдобар тренер на Континентот за 2013/14 и стана прв тренер на Кливленд. Ќе гледаме ли нови изненадувања сезонава?

Сан Антонио на трoнот во НБА лигата

По само една година, Спарси му го најдоа лекот на актуелниот шампион Мајами предводен од „Кралот“ Џејмс и со убедливи 4:1 во финалната серија стигнаа до новата шампионска титула вкупно петта во нивната историја.

Спарси му одржаа нова лекција на шампионот

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс се на чекор до освојување на шампионската титула во НБА лигата, откако синоќа повторно го прегазија тимот на Мајами Хит на гостински терен и поведоа со 3:1.