Полемиките за контроверзниот Стерлинг стивнаа преку Океанот, а тема број еден во тамошните медиуми е 37 – годишната Беки Хамон, поранешен играч на женскиот тим Сан Антонио Спарс.
По Лиза Бојер, која во 2001 година работеше како асистентка во Кливленд, сега Беки Хамон ќе биде во кадарот на јавноста како единствена жена тренер.
Во својата играчка кариера, Хамон има неколку одличја како што е бронзен медал со Русија на Олимпијадата во 2008, благодарение на двојното државјанство таа година.
Нешто подоцна стана и најдобар асистент во ВНБА со 1112 асистенции и најдобар тројкаш (493). Дури пет пати е избрана за најдобар изведувач на слободни фрлања.
Беки Хамон годинава ја заврши играчката кариера, по што ќе стане прва официјално вработена жена асистент тренер во НБА. Лиза Бојер во 2002 година немала право да патува со Кливленд на гостувањата, затоа што тогаш правилата во НБА наложуваа само двајца асистенти покрај главниот тренер на клупата.
Ова е второ засилување на клупата на Сан Антонио каде летово за помошник тренер е назначен и Италијанецот Еторе Месина како еден од многуте европски стратези кои се обидуваат да се пробијат во најсилната кошаркарска лига во светот.