Новиот член на Фенербахче вечерва во Задар со 11 поени учествуваше во победата на турскиот тим од 88:66 над Црвена звезда, а претходно пред хрватските новинари зборуваше за престојот во САД.
Темата за тоа кој е подобар за повеќето сладокусци на НБА е завршена работа веќе одамна, а тезата дека Коби го имитираше Џордан беше исто многу актуелна. Некој седнал на монтажа тоа и да го докаже.
Кошаркарите на Шпанија ја декласираа Литванија во финалето на Евробаскетот 2015 и по трет пат се качија на кровот на Европа. Пау Гасол МВП на првенството.
Европското првенство во кошарка стигна до самата завршница. Во полуфиналето ќе играат Литванија - Србија и Франција - Шпанија, селекции кои имаат големи мегдани низ историјата.
Јанис Андетокумбо во четвртфиналето на ЕП меѓу Грција и Шпанија му залепи толку силна банана на Пол Гасол што топката се одби од табла и стигна до линијата за три поени. И тоа не е воопшто чудно кога ќе видите колкава му е раката.
Најдобрите 16 репрезентации кои се пласираа во осминафиналето, веќе од утре своите мечеви ќе ги играат на фудбалскиот стадион на Лил кој за таа потреба беше преобразен во кошаркарски терен.
Средбата меѓу Србија и Италија која заврши 101:82 ги донесе најатрактивните потези во шестиот ден на ЕП 2015. Расположени за шоу беа Недовиќ и Калиниќ, а најинтересниот дриблинг го направија Украинците.
Македонската кошаркарска репрезентација го заокружи петтиот Евробаскет во својата историја. Конечниот пласман во Хрватска не е прв со ваков очаен крај. Исто беше и во Словенија и Полска.
Со четири порази на пет натпревари, на нашите репрезентативци не им преостанува ништо друго освен да ги спакуваат куферите и да се вратат дома. Попладнево во Загреб, Словенија - Македонија 62-51 (24-10, 7-14, 21-17, 10-10).
Со натпреварите од 4. коло денес се затвора првата фаза од Европското првенство во Загреб, Берлин, Монпеље и Рига. Веќе од сабота почнува осминафиналето во градот Монпеље во Франција, а за нашите да играат и таму еве што треба да се случи или да не се случи.
Македонските кошаркари го доживеаа и третиот пораз на ЕП во Хрватска. Вечерва во Арената во четвртото коло, далеку подобра од нас беше Грузија 75:98 (18-21, 19-27, 18-23, 20-19).
Најдобрите македонски кошаркари направија голем чекор кон пласманот во втората фаза на ЕП во Хрватска, откако попладнево го совладаа директниот ривал за такво нешто, Холандија со 71:78.
НБА асот Марк Гасол не игра за Шпанија на ЕП, но ги гледа своите соиграчи од трибините. Вечерва се сретна со неговиот учител од младоста, Светислав Кари Пешиќ, а кога виде дека го нема неговиот број во мобилниот, му одговори едноставно.
На прес конференцијата после мечот со Грција во првото коло, македонскиот селектор Марјан Србиновски изјави дека Владо Илиевски играл со температура и дека неговите избраници го пружиле максимумот.
Македонската кошаркарска репрезентација и петтиот континентален шампионат го започна со пораз. Еден од фаворитите за завршницата, репрезентацијата на Грција триумфираше 85-65 (16-23, 15-15, 19-21, 15-26)
Пред четири години, Македонија стана четврта кошаркарска сила во Европа. Од утре во Загреб, некои нови момци ќе играат баскет против Грција, Словенија, Хрватска, Грузија и Холандија. Еве како изгледаше прославата во Каунас во 2011. година.
Во сабота од 15:00 часот почнува јубилејното 40. издание на Евробаскетот, кое ќе има најмногу НБА кошаркари во историјата. Нашите ќе играат против 7 играчи од најсилната светска лига.
Младиот Андреј Магдевски и крилниот центар Марјан Јаневски се кошаркарите кои отпаднаа од конечниот список на кошаркари кои ќе играат за Македонија на претстојното Европско првенство кое се игра во четири земји.
Камерунецот кој настапува за грчката репрезентација, Софоклис Скорцанитис е нов член на Црвена звезда. По слетувањето на белградскиот аеродром, го излажаа дека поради дефект на автомобилот, ќе мора да продолжи со градски превоз, а таму го чекаше изненадување.